Планирате меден месец? Тахити е најпосакуваната дестинација на светот!

Не постои подобро место на светот за започнувањето на брачниот живот од оваа дестинација која е синоним за рајот на земјата.

planirate-meden-mesec-tahiti-e-najposakuvanata-destinacija-na-svetot-1-

Тахити, официјално е познато како Француската Полинезија, а е составен од 118 острови. Островот се состои од два кружни дела кои се споени со еден полуостров, а за двете дела е интересно тоа што имаат вулканско потекло.

Нивните имиња се „Tahiti Nui” што во превод значи Големиот Тахити и „Tahiti Iti” што го означува вториот дел односно Малиот Тахити.

Но сигурно се прашувате што е тоа што ја прави оваа дестинација толку посакувано и романтично место?

Одговорот се состои во неколку магични зборови, а тие се: интимни ресори, мали и мирни селца, тиркизни заливи и долги, песочни плажи кои ќе ве остават без здив.

Погледнете што сѐ крие неверојатниот Тахити и со сигурност ќе посакате токму тука да заминете на меден месец:

Бунгалови над вода                

Овие бунгалови се совршени за брачни двојки и секако за медениот месец. Собите се градени со луксуз и важат за првокласни хотелски соби. Во повеќето има стаклен под низ кој можете да гледате во длабочините што е навистина невообичаено и забавно. Секој бунгалов има сопствена тераса и не морате посебно да се подготвувате за на плажа, едноставно од вашата соба влегувате директно во топлата, прекрасна вода.

planirate-meden-mesec-tahiti-e-najposakuvanata-destinacija-na-svetot-1

Уникатни крстарења со брод

Едно од најромантичните патувања во Тахити се организира на неделно ниво и се состои од прекрасно крстарење низ убавините на овој прекрасен рај. Двојките се повеќе се одлучуваат за овие луксузни крстарења со првокласни кабини и вкусен оброк.

planirate-meden-mesec-tahiti-e-najposakuvanata-destinacija-na-svetot-2

Водни активности

Уживањето на овој остров се состои од правење буквално сѐ или ништо. Што и да правите во секој случај ќе си поминете незаборавно, но она што не смеете да го пропуштите се токму водните активности. Тие се состојат од нуркање во прекрасните, сини лагуни во кои можете да го разгледате подводниот свет и да стекнете ново искуство. За оние кои сакаат нешто авантуристичко предлагаме скијање на вода кое спаѓа во најомилените водни активности во Тахити.

planirate-meden-mesec-tahiti-e-najposakuvanata-destinacija-na-svetot-3-1

Полинезиски бањи

Не постои ништо подобро од овие природни бањи кои можете да ги пронајдете во некои од ресорите или во бродовите наменети за крстарења. Уживајте во хербалните тушеви или во бањите преполни со најразлични видови на миризливи цветови. Зарем има нешто поромантично од овие бањи?

planirate-meden-mesec-tahiti-e-najposakuvanata-destinacija-na-svetot-4

Моту Пикник

Приватен пикник во мало островче и не звучи така лошо, а тоа е возможно во Тахити. Бродовите организираат приватен пикник за оние двојки кои сакаат да го искусат ова задоволство и уживање во сопствено моту, што означува мало островче во лагуните.

planirate-meden-mesec-tahiti-e-najposakuvanata-destinacija-na-svetot-5

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg