Места кои мора да ги посетите во Будимпешта

Не постои место на светот кое барем малку наликува на прекрасната Будимпешта.Динамичен ноќен живот, архитектура за восхит, фасцинантна историја и уште многу возбудливи работи кои ќе ве преплават со инспирација.

mesta-koi-mora-da-gi-posetite-vo-budimpesta-1

Унгарија е земја која нуди сѐ што е потребно за сечиј вкус, па меѓу оваа листа пронајдете ја вашата омилена работа која ќе ја посетите:

1. Релаксирајте се

Будимпешта е позната по своите термални бањи, а има и зошто, тие се спектакуларни. Термалните бањи се нешто што мора да го посетите без разлика дали одите за лекување или само за забава. Затоа кога одите во Будимпешта не заборавајте да го спакувате костимот за капење, сигурно ќе ви треба.

mesta-koi-mora-da-gi-posetite-vo-budimpesta-2

2. Плоштадот на хероите

Втора работа која мора да ја посетите во Будимпешта е токму плоштадот на хероите. Овој плоштад е лоциран на крајот од стилската Andrassy авенија каде ќе можете да пронајдете и многу дизајнерски продавници за гардероба, ексклузивни брендови, прекрасни театри и книжарници.

Веднаш зад плоштадот ќе можете да го видите и прекрасното езеро кое замрзнува во текот на зимата, спа центрите и секако една од најубавите зоолошки градини.

3. Бидете гурман

Сигурно до сега имате чуено за унгарскиот гулаш, но ако до сега не сте го пробале тоа морате да го направите за време на вашата посета во Будимпешта. Освен храната, како посебен симбол тука се истакнува и виното во кое со задоволство ќе уживате, како и разните слатки ликери. Посетете ја Great Market халата во која ќе си ги разгалите сетилата вкусувајќи најразлични вкусови на храна, вино, зеленчук, ликери и секако сето тоа заедно со фолклорната уметност.

mesta-koi-mora-da-gi-posetite-vo-budimpesta-3

4. Време за шопинг

Ако обожавате шопинг тогаш ќе ја обожавате и Будимпешта. Освен оние добро познати продавници и бутици во кои можете да пронајдете сѐ и сешто, одлична вест за сите шопингхоличари е тоа што во овој град во текот на целата година се организираат најразлични панаѓури и настани на кои можете да си купите интересни и несекојдневни работи.

Затоа за секој случај понесете си уште еден празен куфер со себе, бидејќи тука ќе видите многу познати унгарски дизајнерски парчиња гардероба и секако уникатни уметнички дела.

5. Уметноста дел од вас

Будимпешта е градот на уметноста, па никако не смеете да пропуштите да разгледате барем неколку од најпознатите музеи кои се дел од овој град, особено „Унгарската Национална Галерија”. Доколку имате шанса да отидете во Будимпешта на пролет, никако не пропуштајте го тоа.

 Во пролетната сезона, се одржува познатиот фестивал „Ноќта на музеите”, тогаш музеите работат во текот на целата ноќ, па сè до раните утрински часови. Тогаш ќе ја имате таа единствена можност да бидете сведоци на едно оживување на музејските вредности.

mesta-koi-mora-da-gi-posetite-vo-budimpesta-6.jpg

Внимавајте, Будимпешта е заразен град, штом еднаш го посетите ќе се вратите повторно по повеќе.

Би можело да ве интересира:

Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротине...
Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата н... Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што мо...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg