Африка на дланка (фото)

Во природната убавина среде областа Masai-Mara во југозападниот дел од Кенија, отворен е луксузниот хотел Mahali Mzuri кој ви дозволува целосно да ја доживеете егзотиката.

afrika-na-dlanka-foto-01

Хотелот се состои од 20 шатори, кои се во функција на луксузни апартмани, а негов сопственик е милијардерот Ричард Брансон.

Она што го нуди овој хотел е возбудливиот поглед од прозорците на апартманите, па така доколку престојувате токму овде ќе имате можност да ја набљудувате миграцијата на антилопите од националниот парк Серенгети.

Африка ќе ви биде буквално на дланка, а на вашиот хоризонт ќе ги имате можност да ги видите сите ретки животни кои до сега сте ги гледале само на телевизиските екрани.

Луксузните апартмани се уредени во класичен сахарски стил и дрвена гарнитура. Околу меките кревети изобилува белата боја на завесите и тоа на ентериерот дава една интимна, свежа и романтична атмосфера.

Не грижете се за разладувањето, бидејќи секој апартман има своја бања и мини базен во кој ќе можете да се разладувате под отворено небо.

Ноќите се резервирани за вечера покрај апартманите со свеќи, вино и мирисот на авантурата и далечината.

Би можело да ве интересира:

Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото) Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова ни...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg