Еден поинаков годишен одмор за душата и очите

Сите се пакуваат и едвај чекаат да заминат на годишен одмор на некое море, песочна плажа, сина вода, места со многу забава, далечни земји и сè што претставува предизвик кој ве води некаде далеку.

eden-poinakov-godisen-odmor-za-dusata-i-ocite-01

Сите тие места се километри оддалечени одовде, а никој не помислува колку непознати места има блиску до себе.

Ретко се помислува дека може да се открие некоја убавина скриена во нашите граници. Веднаш се одминува и се заборава без и воопшто да се запознае.

Вообичаено, главно патување ни претставува нешто егзотично, луксузно и поскапо. Но, сето тоа е само глетка. Знаете ли дека овде може да си ја наполните душата со луксуз и богатство?

Кога ќе се спомне одмор на село, многумина прават гримаси, како тоа воопшто да не доаѓа предвид. Повторно и упорно отфрлајќи го и без да го запознаат.

Секое место си има своја убавина. Да, морето е тиркизно, плажите се бели, сонцето пече, брановите плискаат и тоа е вистинска убавина.

Но, таму има премногу луѓе, места преполни со туристи, гласна музика, многу автомобили, одредено време и период, долги патувања, скапи ресторани, водени лудории...да, забавно е, на еден начин.

Но, помислувате дека тргнавте на годишен одмор? Сакавте да избегате од секојдневието? Го најдовте истото само во друга земја. Тоа е повторно забава, но не и одмор.

Понекогаш треба да се запрашате за вистинската суштина на одморот. Смирување, одморање, себепронаоѓање, позитивно размислување, целосно опуштање.

Понекогаш треба да се обидете да ја откриете суштината на работите. Одделување од секојдневието е кога бегате од она што го правите вообичаено.

Вистинската дестинација е село. Да, добро прочитавте. Дозволете еднаш да ја промените дестинацијата на годишниот одмор и наместо море, да изберете село и планина.

Скептични сте и не верувате, но тоа патување може да ви биде незаборавно доживување и вистински пресврт, доколку претходно не сте го посетиле.

Откријте ја убавината на вистинските нешта, вистинските вредности и природни убавини. Тие се т.н. „all inclusive“ аранжман за умот и душата.

Можеби нема да ви мириса на морска сол, но ќе си ги наполните градите со чист и свеж воздух.

Можеби нема да јадете гиро и пици, но ќе јадете вистинска храна, не подготвена и подгреана за 5 минути, туку пити и грниња кои клокотат по неколку часа и кои ги подготвуваат вештите раце на некоја баба по рецепт од дамнина.

Згора на сè, таквата ексклузивна можност за традиционално јадење во некој ресторан ќе ви ја наплатат со огромни сметки, а овде ќе ја добиете речиси бесплатно.

Можеби нема да добиете сервирана овошна салата со шлаг на плажа, но ќе имате шанса да скинете вистински природен плод на јаготка, праска или кајсија во секое време кога ќе посакате и да се насладувате од нејзиниот вкус.

Можеби нема да пливате, ако не најдете некое природно планинско езерце, но ќе може да се искачувате по планини кои нудат неверојатни убавини, скриени, патчиња, диви цвеќиња и шарени пеперутки.

Погледот од врвот, штом стигнете е глетка која не се опишува и фотографија од која блика со богатство од бои и форми.

eden-poinakov-godisen-odmor-za-dusata-i-ocite-7.jpg

Можеби нема да имате луди забави, но ќе имате мир во кој песната на птиците ќе ви биде симфониски оркестар, време за размислување за себе и доволна тишина за да го слушнете својот внатрешен глас.

Доколку, пак, сте со друштво, забавата ви е целосно препуштена, на отворено под ѕвезди кои тука најјасно се гледаат, гитари и домашно вино до најубавото изгрејсонце.

Веќе отпатувавте со мислите, нели? Знаете колку малку ви е потребно за да го остварите сето ова?

eden-poinakov-godisen-odmor-za-dusata-i-ocite-6.jpg

Само автомобил, за да не се ограничувате со превозот, малку пари и голема желба за да ја запознаете сопствената земја.  

Нашата Македонија изобилува со вакви убавини кои го чекаат секој добронамерник со раширени раце.

Можеби треба да размислите пред да го уплатите аранжманот од неколку стотици евра до некоја популарна дестинација и да си овозможите нешто несекојдневно и необично.

Почестете си ги душата и очите, создадете приказни и спомени кои вреди да ги раскажувате и пренесувате.

eden-poinakov-godisen-odmor-za-dusata-i-ocite-5.jpg

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg