Откријте ја убавината на Мадеира во Португалија (фото)

Мадеира по вторпат е прогласен за најубав остров во Европа. Мадеира во Португалија е архипелаг од неколку помали острови сместен во Атлантскиот Океан на 350 милји од Мароко. Составен е од островите Мадеира, Порто Санто, Пустински Острови и Дивјачки Острови.

otkrijte-ja-ubavinata-na-madeira-vo-portugalija-foto-01

Изобилува со неверојатни природни базени, скриени во вулкански карпи, шармантни гратчиња  со поглед на океанот и уште илјадници причини заради кои секогаш е избран меѓу најдобрите острови во Европа.

Температурата таму е секогаш умерена и како цела година да е пролет. Природните базени на Порто Мониз се спојуваат со океанот и ви даваат неверојатно уживање.

Има многу убави песочни плажи, како Калета, а островот Порто Санто е светски најпозната дестинација со најубави плажи.

Водата е чиста и топла, совршена за пливање, нуркање и истражување. Особено популарно е сурфањето и едрењето, како и параглајдингот.

Мадеира е остров  полн со шумски патеки кои ја следат водата по каналите, а некои од нив минуваат и покрај водопади кои ќе ве воодушеват.

Најдобра обиколка околу островот може да направите со некое бротче. Архитектурата на Фунчал, најголемиот град во Мадеира изгледа неверојатно. Тој изобилува со многу цркви и пазари за свежо егзотично овошје и зеленчук.

Никако не можат да се заборават прекрасните глетки, пејзажи и шансата да присуствувате на најголемиот новогодишен огномет или карневалот во Мадеитра, кој се смета за една од најголемите улични забави во Европа.


Погледнете ја убавината на португалската Мадеира:

Би можело да ве интересира:

На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Топ 7 најубави плажи во Бугарија - ќе ве изненадат со својата убавина Иако многумина не би го одбрале Црното Море за летување, сепак некои плажи на бу...
Топ 6 најдобри острови за да се пензионирате во Грција, според Американка преселена таму Дали можете да се замислите да живеете на Крф, Родос или Крит? Луѓе од целиот св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg