Зошто наместо во училиште, ги одведов децата на патување низ светот

Ништо напишано за сите места низ светот не може да се замени со вистинското патување и реално доживување.

zosto-namesto-vo-uciliste-gi-odvedov-decata-na-patuvanje-niz-svetot-02

Патувањето ги менува луѓето, најчесто на подобро. Дона Армстронг и Марк Гибсон заедно со нивните деца Харли и Сони долго размислувале дали да остават сè што имаат и да тргнат на долго патување.

Тоа била годината кога нивните деца требало да тргнат во училиште, но наместо тоа тие одлучиле да го продадат и заложат она што имаат и да ги одведат децата на едногодишно патување.

Дона и Марк имале голема страст за патување уште многу одамна, но откако им се родиле децата желбата за патување низ светот заедно со нив уште повеќе им се зголемила.

zosto-namesto-vo-uciliste-gi-odvedov-decata-na-patuvanje-niz-svetot-2.jpg

Ова е нивниот патувачки дневник:

„Веднаш штом решивме дека уште оваа година децата може да паузираат од училиштето за сметка на едно поинакво животно учење, моравме да најдеме доволно финансии за да го изведеме сето тоа.

Ги продадовме автомобилите, ги изнајмивме куќата и еден апартман во Сиднеј и можевме да тргнеме со буџет од $60.000 долари.

Се радував за тоа што моите деца ќе можат толку рано да го запознааат светот, да ги отворат умот и срцето, да остварат контакти со други луѓе, култури и јазици.

Ги извадивме надвор од нивната зона на комфорот со надеж дека ќе го видат реалниот свет, ќе го научат животот на поинаков начин кој ќе им помогне да пораснат како личности, но и на сите нас како семејство.

Научивме и откривме многу нови работи. Сони научи да скока во Тајланд, Харли научи да зборува јапонски, француски и шпански. Заедно бевме тим во сè што правиме.

zosto-namesto-vo-uciliste-gi-odvedov-decata-na-patuvanje-niz-svetot-7.jpg

Во Барселона ни се случи да ни украдат една торба во која немавме ништо посебно вредно, освен  некои ситни работи и малку пари. Сепак, успеавме да поминеме и со тоа што ни остана, дури и научивме дека „помалку може да биде повеќе“.

Во однос на местата кои ги посетувавме, инспирацијата ја добивавме едни од други. Патувавме каде што сакаме, најчесто по препораки на луѓе и пријатели кои ги запознававме, се дружевме, размислувавме кој ни е следниот предизвик, но и меѓусебно си ги исполнувавме желбите за сите да бидат задоволни.

Ги посетивме Националниот парк „Yellowstone“ во Вајоминг, „Mariposa Grove“ во Калифорнија, Ванкувер, „Шинкансен“ во Јапонија, француската ривиера, грчките острови, италијанската Тоскана.

Еден од најубавите моменти е тоа што го гледавме изгрејсонцето на Големиот Кањон, се одморавме во Аомори опколени со 45 голи Јапонки, пет недели патувавме низ Америка и Канада.

Повеќе од 50 места ги нарековме „дома“. Се сместувавме каде ќе најдеме, од хотели и хостели, до шатори и вреќи, но на возбудата за секој нов ден ѝ немаше крај.

zosto-namesto-vo-uciliste-gi-odvedov-decata-na-patuvanje-niz-svetot-6

Она што ми остана како мисла на која секогаш се потсетувам кога ми доаѓа да помислам дека нешто е премногу тешко е она што ми го кажа една инструктурка по јога:

„Ако не ти, кој? Ако не сега, кога?“

Кога имате деца сите велат, веќе нема да можете да го вратите времето. Уживајте! Верувам дека ние успеавме да го направиме тоа. Патувавме, се качувавме, пешачевме, трчавме, посетивме едни од најубавите места во светот, запознавме прекрасни луѓе.

Кога ќе ги отвориш очите и ќе почнеш да патуваш, сфаќаш дека секој човек и секое место има приказна која може да ти ја раскаже.

Тешките моменти те прават посилен и поупорен, убавите моменти те прават поприсутен, поконцентриран и посреќен.

zosto-namesto-vo-uciliste-gi-odvedov-decata-na-patuvanje-niz-svetot-4.jpg

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg