Интересни факти за најпосакуваната туристичка дестинација Дубаи

Дубаи е една од омилените светски туристички дестинации која во последните 50 години се развива со огромна брзина и никого не остава рамнодушен.

interesni-fakti-za-najposakuvanata-turisticka-destinacija-dubai-2

Постојано се дознаваат нови податоци, нови настани и нови измамени воздишки за сè што го карактеризира Дубаи.

Фактите кои се откриваат за него се повеќе од интересни и неверојатни.

1. Бројот на жители во Дубаи за 10 години е зголемен од 1.177.537 во 2004 година на 2.257.161 во 2014 година. Во просек,  тоа би значело дека дневно во Дубаи се населуваат по 300 луѓе.

2. Во исто време расте и бројот на патници кои поминуваат на меѓународниот аеродром во Дубаи, од 21 милион на 75 милиони.

3. „Abras“ се традиционални дрвени бротчиња кои со векови се користеле како превозно средство. Во последните 10 години компанијата која организира туристички тури со нив има пренесено 3,3 милиони гости, што е за 1,5 пати повеќе од вкупната популација на Дубаи.

interesni-fakti-za-najposakuvanata-turisticka-destinacija-dubai-01.jpg

4. Во 1999 година кога е отворен познатиот хотел Burj al Arab, беше првиот хотел во светот повисок од 305 метри. Толку е голем што во него може да се смести Статуата на слободата.

5. Burj Khalifa е највисоката градба во светот и на гостите на врвот им овозможува температура и до 15 степени пониска во однос на приземјето. Таа температурна разлика може да ја почувствувате само ако отпатувате од Дубаи во Лондон, во април.

6. Метрото во Дубаи е најдолга автоматизирана железница без возач. Тука поминале 443 милиони патници од 2009 година до денес.

interesni-fakti-za-najposakuvanata-turisticka-destinacija-dubai-3.jpg

7. Dubai Mall е еден од најголемите трговски центри во светот. Само во 2013 година го посетиле 75 милиони луѓе што е повеќе од вкупниот број странски туристи во САД истата година.

8. Palm Jumeirah е најголем вештачки остров некогаш направен. Покрива површина од 5,6 километри и одговара на површина од 784 фудбалски терени.

9. Аrt Dubai е еден од најголемите уметнички саеми и секоја година се одржува во Madinat Jumeirah. Досега го посетиле повеќе од 500 уметници од 30 земји. Тоа е повеќе од бројот на сликари чии дела се изложени во Лувр.

interesni-fakti-za-najposakuvanata-turisticka-destinacija-dubai-1.jpg

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“ Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg