15 работи кои се менуваат засекогаш кога живеете далеку од дома

15-raboti-koi-se-menuvaat-zasekogas-koga-ziveete-daleku-od-doma-1.jpg

8. Имате по две од сè

Две сим – картички, две картички за банкомат, две картички за легитимација и од сè останато од кое може да се направи резервен примерок за поголема безбедност и сигурност.


9. Што е нормално?

Патувајќи во разни земји и запознавајќи различни култури, сфаќате дека поимот нормално не е ништо друго освен прифаќање од средината. Учиш дека она што за тебе е во ред за некои други не е и обратно.


10. Станувате туристи во родниот град

Почнувате со секоја посета на поинаков начин да го разгледувате градот. Она што го забележувате како турист во другите градови, почнувате да го барате и во вашиот град. Учите малку повеќе од она што ви е доволно за завршување на секојдневните обврски.


11. Учите како да имате трпение и да побарате помош

Кога сте оставени сами на себе не може да истрчате и да им се пожалите на родителите или да избувнете во која било ситуација, туку учите да имате поголемо трпение за другите, да ги сослушате и да размислите пред да преземете нешто. Почнувате да учите дека нема ништо страшно во тоа да побарате помош.

15-raboti-koi-se-menuvaat-zasekogas-koga-ziveete-daleku-od-doma-2.jpg

12. Времето го мерите во мали моменти

Од една страна дознавате за сите прослави и значајни моменти дома кои ги пропуштате, додека во исто време брзате да ја завршите работата која ве чека. Сфаќате дека може и двете работи да се случуваат истовремено, но знаете кои ви се приоритетите и колку време може да одделите за сè.


13. Носталгијата ви се јавува кога најмалку очекувате

Мирис, вкус или само една мисла е доволно да ве потсети и да ви ја врати желбата за дома, макар за момент. Каде и да сте, колку и да мислите дека не би се вратиле никогаш, тоа е чувство кое не може да се избегне во секој момент.


14. Вие се менувате

Секое патување ве менува, но живеењето сами далеку од дома, навистина може да биде пресвртница во вашиот живот. Сфаќате за што сè сте способни, откривате нови работи за себе и многу учите.


15. И нема враќање назад...

Кога еднаш ќе се одделите од домот и ќе видите дека можете да успеете, ќе се справите со разни ситуации, веќе ништо не може да ве исплаши и да ве запре за да не продолжите да патувате.



Би можело да ве интересира:

Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
9 работи без кои стјуардесите не тргнуваат на пат (а не треба ниту вие) Чевлите за во авион им се секогаш затворени за добро да ја држат ногата. Секогаш...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 работи што треба да ги знаете за Плитвички Езера пред да ги посетите, според македонски туристички... „Планирајте цел ден да поминете тука, а ако сте само на поминување, најкратката ...
9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач) Носите куп облека и работи за секој случај кои никогаш нема да ви требаат, како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg