10 места во светот каде водата е кристално чиста

Колку пати кога сте отишле на годишен одмор, покрај белата песочна плажа сте наишле на разочарување од нечистата вода?

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-001

Едно од најважните нешта за идеален одмор на езеро или море е токму чистата кристална вода во која може слободно да пливате без да имате грижа дали ќе налетате на некој отпадок, тиња, матна вода.

Често и од здравствени причини се бара чистата вода за да се избегне појавата на црвенила, алергии и инфекции.

Во иднина, ако барате места со вистински чиста и кристална вода, тогаш соберете малку повеќе пари и одберете некое од овие 10 места.

1. Laghi de Fusine (Италија)

Глацијалните езера сместени 1,5 километар од италијанско-словенечката граница се едни од најчистите кои имаат проѕирана вода и во кои може да го видите и дното и сиот подводен свет. Бидејќи водата е премногу ладна не се препорачува да се плива во неа, но може да ужива во глетката.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-1.jpg


2. Rio da Prata (
Бразил)

Благодарение на високата концентрација на подводните камења кои претставуваат природен филтер, реките  во околината на бразилското место Бонито се едни од најчистите и најпроѕирни води.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-2.jpg


3. Jiuzhaigou Valley (
Кина)

Според една легенда во овој предел настанале 108 езера кога божицата го скршила огледалото кое го добила од љубовникот на 108 парчиња. Секое езеро е спектакуларно во својата убавина на посебен начин. Во некои езера дури се преливаат и повеќе од 5 бои во водата која ја рефлектира природната убавина.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-3.jpg


4. Exuma
(Бахами)

Сите 360 острови се опкружени со кристално чиста вода каде може да пливате, дури и со диви свињи. Бојата, чистината и температурите се идеални, а многуте приватни острови ви даваат простор за интимност и уживање.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-4.jpg


5. Zamami
(Јапонија)

Ова е едно од најпопуларните туристички места во Јапонија, каде 92% од 924-те луѓе кои живеат таму, живеат од туризам. Местото е мало, но погодно за сите водени спортови, но и за уживање во кристално сината вода.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-5.jpg


6. Hvar
(Хрватска)

Островот Хвар е еден од најубавите на далматинскиот брег. Водата е идеално чиста, а поволното време со најчесто 2.700 сончеви часови во годината се смета како идеално место за годишен одмор.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-11.fw.jpg


7
. Koh Lanta (Тајланд)

Овде не само што е чиста водата, тука ако нурнете подлабоко може да бидете воодушевени од подводните глетки на прекрасните корали, разнобојни риби и скриени подводни пештери.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-7.jpg


8
. Lefkada (Грција)

Плажите на Лефкада се едни од најубавите во цела Грција кои изобилуваат со прекрасна чиста тиркизна вода, бели песочни плажи и многу сончеви денови. Температурата е идеална за целодневно уживање.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-8.jpg


9
. Blue Lake (Нов Зеланд)

Со видливост до 80 метри длабочина, Синото Езеро и официјално е прогласено за најчисто езеро во светот. За жал, не е дозволено влегување во вода за луѓето, па ќе мора само од страна да го набљудувате и да уживате во неговите убавини.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-9.jpg


10
. Valley of the Five Lakes (Полска)

Во подножјето на планинскиот венец од Високите Татри се наоѓаат петте езера кои изобилуваат со чиста, проѕирна вода. Едно од петте езера, Морско Око е прогласено за едно од најубавите во светот, според Wall Street Journal.

10-mesta-vo-svetot-kade-vodata-e-kristalno-cista-10.jpg

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка „Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела неш...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg