10 најпопуларни зимски дестинации кои вреди да ги посетите

Зимата во Европа е шаренолика. На северот владее снег и можат да пројдат недели без сонце, а Медитеранот е со умерена клима. Па, ако сте расположени за ново и сосема поинакво искуство – прошетајте ја Европа во зима.

10te-najpopularni-zimski-destinacii-9.jpg

Искуството секако ќе ви биде поразлично од патувањата кои ги правите во екот на туристичката сезона кога насекаде е топло.

1. Рованиеми, Финска

Рованиеми е официјалното место каде живее Дедо Мраз и во главната пошта на овој град секоја година пристигнуваат многу писма до него. Тука се наоѓа и неговото село – забавен парк кој го сакаат и постарите и младите.

10te-najpopularni-zimski-destinacii-1.jpg


2. Божиќните пазари во Германија и Австрија

Декември е идеален месец за посета на оние мали романтични пазари кои се посветени на овој празник во кои можете да сретнете бројни ситници, а и да уживате во веселата атмосфера.

10te-najpopularni-zimski-destinacii-2.jpg


3. Абиско, Шведска

Абиско е најсеверното место во Европа и до него можете да стигнете со воз. Се наоѓа во шведската провинција Лапонија и претставува идеална дестинација за оние кои се вистински љубители на снегот. Тука можете да уживате во Aurora Borealis.

10te-najpopularni-zimski-destinacii-3.jpg


4. Атина, Грција

Зимата е идеално време за посета на атинскиот акропол, бидејќи нема гужва, а ниту пак владеат цените кои се типични за време на туристичкиот ек.

10te-najpopularni-zimski-destinacii-4.jpg


5. Копенхаген, Данска

Ако посакувате зима како од бајките, тогаш овој град е идеално место за вас. Тиволи е посебно романтичен во декември кога е украсен со безбројни божиќни украси.

10te-najpopularni-zimski-destinacii-5.jpg

Уште 5 места на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg