Земјата каде тревата е најзелена, а замоците најволшебни – Ирска

Вонземска убавина спакувана во форма на заливи, острови, долини и гребени – тоа е Ирска. Нејзината единствена историја, култура и митологии на совршен начин ги надополнуваат природните убавини на оваа земја.

zemjata-kade-trevata-e-najzelena-a-zamocite-najvolsebni-irska-01.jpg

Секој замок, ветерница и навидум обична патека имаат своја сопствена легенда која се пренесува од генерација на генерација.

Се чини дека природниот пејзаж на Смарагдниот остров е создаден посебно за осамените талкачи кои можат да поминат часови и часови талкајќи низ зеленилото и наоѓајќи го сопствениот мир.

Суровата клима, со студени ветрови дури и во текот на летото, осамените гребени и недопрената навидум дива природа обиколена од бунтовните бранови на Атлантскиот Океан ги тераат туристите одново и одново да се враќаат во оваа земја.

А, за сите оние кои немаат желба за талкање низ природа секогаш може да посетат некој од традиционалните ирски пабови и да се напијат од најпознатото пиво „Guinness“ уживајќи во незаменливата ирска музика.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Мрачната страна на крстарењата: Девојка доловува застрашувачки сцени од крузер (видео) „Ова е нешто што мора да го знаете за крстарењето во февруари“, вели девојка од ...
„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Ско... „Со евтин лет од Скопје од околу 2h и автобус од околу 1.5h стигнав до Минхен. А...
4 кампови во Хрватска кои се идеални за семејства – кристално море, игротеки и аквапаркови Камповите во Грција се супер, но овие семејни кампови во Хрватска се на сосема д...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg