Прошетка низ Јужна Америка преку објективот на Елена

Многу весели бои, луѓе, музика, култура и традиција, вака би ги опишала овие две земји од Јужна Америка, Перу и Боливија.

proshetka-niz-juzna-amerika-preku-objektivot-na-elena-mitkovska-01.jpg

Мачу Пикчу, ова светско чудо се наоѓа токму во Перу, на надморска височина од 2.400m , високо на планините, меѓу облаците, тука каде некогаш чекореле Инките денес чекорат безброј туристи кои се воодушевуваат на оваа убавина, на мирот и тишината која што ја нуди природата околу ова мистично место.

Огромни зелени тераси на кои мирно пасат лами и облаци кои што со голема брзина се движат низ планината.

Но, пред да се искачите на Мачу Пичу препорачливо е да се навикнете на големата надморска височина и да поминете некој ден во гратчето Куско, на околу 3.400m надморска височина.

Куско е уште едно место кое изобилува со локалитети изградени од Инките, локални жители кои се шетаат наоколу во традиционална облека со своите лами и доста интересни улички каде што може вистински да го почувствувате духот на овој град.

Од Куско се селиме во Пуно, уште еден град на голема надморска височина, кој е сместен покрај највисокото пловно езеро на светот, езерото Титикака.

Повторно шаренило од бои, луѓе и локален хаос. А пак на самото езеро, се наоѓаат пловечките УРОС острови, изградени од Тортора, еден вид на трска.

На овие острови живеат племиња кои се грижат цело време околу обновување на трската на островите и претежно живеат од риболов и туризам.

Пуно се наоѓа на самата граница со Боливија, па од тука патувањето продолжува кон Ла Паз, највисокиот главен град на светот, на околу 3.600m надморска височина.

Боливија е најсиромашната земја во Јужна Америка, не е многу развиена и доста опасна, но сепак ја има најголемата солена пустина на светот, според мене единственото нешто кое што вистински вреди да се посети во оваа земја.

Салар де Ујуни (Salar de Uyuni) - недопрена природна убавина на голема надморска височина, планини, лагуни, вулкани и гејзери.

Пустини, лами и фламингоси.

Наоколу тишина, само вие и природата.

На тој пуст пат низ планините на 4.000m надморска височина и по некое село каде што ќе сретнете типично локално население облечено во традиционална облека.

Солената пустина се протега на околу 11.000km и е видлива од вселената, чудо на природата, а на сред таа солена пустина остров со кактуси.

Од солената пустина назад во Лима.

Хаос и во овој 10 милионски град, но сепак многу интересни места за посета, колонијални градби, музеи, паркови, a Тихиот океан одлично место за љубителите на сурфањето .

Лима е град кој нуди дневни и ноќни активности за сечиј вкус и дефинитивно вреди да се посети.

Автор: Елена Митковска
За подетални информации околу моето патување посетете го мојот блог

Би можело да ве интересира:

Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Ско... „Со евтин лет од Скопје од околу 2h и автобус од околу 1.5h стигнав до Минхен. А...
Едно место на Јадранот е хит за летување со пристапните цени - кафе за 2 евра, сместување за 30 евра Цените во ова место се толку поволни што некои посетители велат дека за парите ш...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Атмосферата на Градиште во лето 2025 - освежени цртежи, рајски катчиња (фото) Мммм, кристално чистата вода на Градиште и експлозијата од бои на „Jungle Beach“...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg