9 причини зошто треба да отпатувате до Португалија барем еднаш во животот

5. Кабо де Рока

Ртот Кабо де Рока е најзападната точка на континенталниот дел на Европа која нуди прекрасен панорамски поглед на океанот. До крајот на 14-от век овој рт се сметал за крајот на светот.

9-pricini-zaradi-koi-vredi-da-ja-posetite-portugalija-5.jpg


6. Долината Дуро

Овој магичен крај ги произведува некои од најдобрите вина во светот. Покрај тоа што можете да уживате во зеленилото, можете да се придружите на жетвата, да посадите лозје и секако да пробате прекрасно домашно вино.

9-pricini-zaradi-koi-vredi-da-ja-posetite-portugalija-6.jpg


7. Националниот парк „Peneda-Gerês“

Peneda-Gerês е единствениот национален парк на Португалија кој има површина од 702,9 квадратни километри. Тука можете да планинарите, да ја слушате песната на птиците, да ги посетите дворците или да кампувате.

9-pricini-zaradi-koi-vredi-da-ja-posetite-portugalija-7.jpg


8. Синтра

Синтра е прекрасен португалски град кој се наоѓа западно од Лисабон. Заштитен е од УНЕСКО поради романтичната архитектура од 19-от век.

9-pricini-zaradi-koi-vredi-da-ja-posetite-portugalija-8.jpg


9. Капелата „dos Ossos“

Не станува збор за некоја сцена од хорор филм - туку ѕидови и столбови на капела кои се направени од черепи и коски. Оваа застрашувачка црква направена е затоа што немало доволно простор на тогашните гробишта, па овие коски биле употребени за градење на капелата и како симбол на животот и смртта.

9-pricini-zaradi-koi-vredi-da-ja-posetite-portugalija-9.jpg

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Не е Тоскана, скопско Ајватовци е (фото) И ние го имаме Ајватовци и совршен поглед, како во Тоскана, до каде очите ни доп...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Топ 7 најубави плажи во Бугарија - ќе ве изненадат со својата убавина Иако многумина не би го одбрале Црното Море за летување, сепак некои плажи на бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg