Отворете ги сетилата и почувствувајте ја магијата на непознатото

Не е важно дали станува збор за кратко или подолго, подалечно или поблиско патување, дали сте тргнале на пат за да се одморите или да истражувате.

otvorete-gi-setilata-i-pocuvstvuvajte-ja-magijata-na-nepoznatoto-01.jpg

За целосно да ја почувствувате магијата на откривањето на непознатото, потребно е да ги отворите вашите сетила до максимум и да бидете подготвени да направите неколку работи.

Клучот на доброто патување не лежи во некоја голема тајна или некоја голема сума на пари, туку во едноставните работи како запознавањето на културата и земјата, од малку поинаква перспектива.

Сакате да преминете од тоа да бидете турист во тоа да станете патник истражувач?

Еве како:

1. Ако сте со автомобил, излезете од автопатот и појдете по некој локален пат кој ќе ве запознае со помалите гратчиња на таа земја.

2. Возете се со јавен превоз.

otvorete-gi-setilata-i-pocuvstvuvajte-ja-magijata-na-nepoznatoto-1.jpg

3. Купете сувенир било каде, само не од продавница за сувенири (или најдете го сами).

4. Бележете ги деталите, фотографирајте, водете дневник – не поминувајте повеќе време на Инстаграм.

5. Јадете на некое место ко сте го добиле по препорака од локалното население.

otvorete-gi-setilata-i-pocuvstvuvajte-ja-magijata-na-nepoznatoto-2.jpg

6. Одете на излет.

7. Научете го јазикот во земјата во која патувате, односно научете барем неколку клучни реченици.

8. Истражувајте го соседството во кое се наоѓате во моментот.

otvorete-gi-setilata-i-pocuvstvuvajte-ja-magijata-na-nepoznatoto-3.png

9. Не ги пропуштајте ноќните излегувања во град.

10. Дозволете малку да се изгубите.

11. Предизвикајте се – Излезете од својата комфорна зона и препуштете се на нешто од кое сте сигурни дека вашето патување ќе ви остане засекогаш запаметено.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 10 потценети дестинации во Европа кои вреди да ги видите во 2026 (има и град од Македонија) Варна во Бугарија, Изола во Словенија, Терачина во Италија и уште 8 европски дес...
Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото) Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Мож...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Пингвини, фоки: Србинка плаче од среќа на Антарктикот и скокна во ледениот Јужен Океан (фото+видео) „Често од другите слушам дека мислат оти сум помалку луда, а денес тоа си го пот...
Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални изво... Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копао...
Вистински тиркизен рај: Најубавата и најфотографирана плажа во Турција се наоѓа во близина на Фетије... Ölüdeniz е вистинска разгледница од Турција - совршено место за уживање во приро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg