7 најубави природни базени во светот

Кога станува збор за планирање на летен одмор, постојат неколку совршено сончеви места кои едноставно доминираат на сите листи. И иако се тие прекрасни, сепак некогаш како да не се доволни.

samo-za-najhrabrite-7-prirodni-bazeni-do-koi-pristapot-e-skoro-nevozmozen-001.jpg

Ако сакате необични локации и места со најдобрите природни базени во светот, тогаш ви предлагаме да ја погледнете листава:

1. „Giola“

Гиола е природен камен базен лоциран на брегот од островот Тасос во Грција и е уште познат како „Солзата на Афродита“. Легендата вели дека Зевс го направил базенот за неговата љубовница Афродита и го обликувал во форма на око за да може да внимава на неа.

Ако сакате да го посетите овој неверојатен базен, тогаш ќе треба навистина да се потрудите – обезбедете возило кое може да ги поднесе патиштата полни со прав и нерамнини и секако спакувајте доволно вода за да останете хидратизирани.

samo-za-najhrabrite-7-prirodni-bazeni-do-koi-pristapot-e-skoro-nevozmozen-002.jpg

2. „Figure Eight Pools“

Овие бизарни базени во форма на бројот 8 се скриени во Националниот Ројален Парк во Сиднеј, Австралија. Иако изгледаат како да се направени од човечка рака, формациите се комплетно природни и до нив можете да стигнете само по тешка патека низ густа шума. Ако се решите да ги посетите, проверете ја плимата.

До овие базени може да пристапите само кога има ниска плима и кога блискиот океан е мирен. Бидете внимателни, затоа што од еден од брановите биле повредени повеќе од 50 луѓе кои пливале во базените.

samo-za-najhrabrite-7-prirodni-bazeni-do-koi-pristapot-e-skoro-nevozmozen-003.jpg

3. „Hierve Еl Agua“

Оваа карпа која наликува на минерален водопад изгледа како брза бела вода замрзната во времето. Овој прекрасен феномен се формирал благодарение на водата богата со калциум која тече низ планината и подземните пештери.

Иако станува збор за илузија (бидејќи формацијата наликува на водопад) сепак оние кои се обожаватели на авантури можат да се капат во топлите термални базени на врвот од карпата. Ако сакате да сте сами, тогаш посетете го местото наутро кога нема никој, бидејќи во текот на денот може да се создаде голема гужва.

samo-za-najhrabrite-7-prirodni-bazeni-do-koi-pristapot-e-skoro-nevozmozen-004.jpg

4. „Kravica“

Водопадите Крка и оние од националниот парк Плитвице се многу познати на љубителите на патувањата, но според претпоставувањата оваа скриена оаза во Босна е следната голема туристичка атракција.

До ова место може да стигнете само со автомобил и е скриено помеѓу разни дрвја. Освен водопадите, задолжително истражувајте ги и скриените пештери.

Исто така, спакувајте обувки наменети за качување по формациите. Водената мов, иако изгледа безопасно таа е всушност онаа која ги прави стабилните камења да бидат лизгави.

samo-za-najhrabrite-7-prirodni-bazeni-do-koi-pristapot-e-skoro-nevozmozen-005.jpg

5. „Hidden Beach“ (Плажа на љубовта)

На 35km од Пуерто Валарта, Мексико се наоѓа совршената тајна плажа, добро сокриена под нивото на земјата во мал кратер. За да стигнете до неа, мора да препливате тунел од 12 метри кој има само 2 метри простор помеѓу водата и камењата.

Ако сепак се одлучите да одите, добро истражете и проверете дали е отворена, бидејќи понекогаш е затворена за посетители поради истражувања кои се прават.

samo-za-najhrabrite-7-prirodni-bazeni-do-koi-pristapot-e-skoro-nevozmozen-006.jpg

6. „To Sua Ocean Trench“

Уште нарекуван „најмагичниот базен во светот“, базенот То Суа е место на кое треба да одите за да поверувате дека постои. Лоцирано во селото Лотофага, на островот Уполу во Самоа, оваа инспирирачка 30 метарска дупка формирана при вулканска ерупција, која формирала природен кратер со лавиринт од подземни базени кои водат до Јужниот Пацифик.

Пред да тргнете, ве советуваме да разговарате со локалните жители бидејќи иако изгледа мирно, промената во плима може да предизвика големи бранови и силна струја внатре во базенот.

samo-za-najhrabrite-7-prirodni-bazeni-do-koi-pristapot-e-skoro-nevozmozen-007.jpg

7. „Havasu Falls“

Скриени во длабочините на Големиот Кањон во Аризона, водопадите Хаваасу се задолжителни за оние кои сакаат добар предизвик. Водата е со живописна тиркзна боја благодарение на големата концентрација на калциум карбонат која создава природни базени и корита кои се совршени за капење.

Но, за да стигнете до оваа убавина, потребно е да поминете патека од 16km. Пред да го испланирате патување бидете сигурни дека имате добри чизми за пешачење, бидејќи обичните патики нема да издржат на карпестиот терен.

samo-za-najhrabrite-7-prirodni-bazeni-do-koi-pristapot-e-skoro-nevozmozen-008.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка „Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела неш...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg