Корисна мапа: Кои земји се најопасни за патување?

Дали веќе започнавте да го планирате вашето следно патување? Корисно е да проверите и на какви сè проблеми и криминал можете да наидете.

korisna-mapa-koi-zemji-se-najopasni-za-patuvanje-01.jpg

Постои мапа за Интернационален С.О.С. и Контрола на ризици направена врз база на објавени информации и искуства на туристите, која одредува колкави се шансите да наидете на проблеми на местото во кое патувате.

Зика вирусот и тероризмот направи дури 72% од луѓето да веруваат дека 2017-та година ќе биде далеку поопасна за патување од 2016-та и дури 57% од нив веруваат дека 2018-та ќе биде уште поопасна и од 2017-та.

Според истражувањата, најопасни земји за патување, моментално се Сирија, Авганистан , Јемен, Либија, Дарфур, Сомалија, Јужен Судан како и делови од Тимбакту и Мали.

Норвешка, Шведска, Финска, Исланд, Данска, Швајцарија и Словенија се сметаат за најбезбедни земји.

Како да ја проверите мапата? На основа на бојата:

Зелена боја - незначаен ризик, нема политичко насилство или граѓански немири

Жолта боја - Криминалот е со низа стапка, терористички напади речиси и да нема

Портокалова боја - Има периодични политички немири и насилни протести

Црвена - Протестите се фреквентни и може да има напади на туристи

Темно црвена - Контролата на власта е минимална и постои сериозна можност за вооружени напади, протести и граѓански немири

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
10 грешки што ви го испразнат паричникот (до последно евро) на патување на брегот Амалфи Грешка и совет број 3: Обичен Aperol Spritz во нормален италијански бар чини 4 д...
Пингвини, фоки: Србинка плаче од среќа на Антарктикот и скокна во ледениот Јужен Океан (фото+видео) „Често од другите слушам дека мислат оти сум помалку луда, а денес тоа си го пот...
Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото) Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg