Што може да видите и вкусите бесплатно во 10 европски градови?

Доколку планирате летово да посетите некоја европска дестинација, овој текст ќе ви биде од особена корист. Во секој град има интересни знаменитости или настани кои се бесплатни. Тоа значи дека може да се опуштите и да уживате без да потрошите ниту еден цент.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-01.jpg

Прочитајте што сé може да посетите и вкусите бесплатно во следниве 10 европски градови:

Париз – посета на „Лувр“

Парискиот Лувр дневно го посетуваат илјадници туристи, а вие може да бидете еден од нив и тоа бесплатно. Условот е да имате помалку од 26 години, да сте наставник или професор и да имате доказ за тоа. За сите останати бесплатниот влез важи секоја прва недела во месецот.

Сепак, бидете подготвени дека една посета нема да ви овозможи да видите многу од Лувр. Изложени се повеќе од 65.000 експонати, а за детално разгледување на богата ризница потребни ви се околу 35 дена.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-02.jpg

Рим – прошетка низ плоштадите

Прошетките низ вечниот град особено наутро кога нема толку многу гужва се незаборавни за љубителите на историјата, архитектурата и уметноста. Нека почетната дестинација ви биде плоштадот Ротонда. Тука бесплатно може да го обиколите римскиот Пантеон, местото каде што од 7 век датира црквата Санта Марија Ротонда. Во црквата се наоѓа и гробот на великанот Рафаело.

Продолжете кон плоштадот Навона и попатно одморете се покрај славната фонтана „Четири реки“. Поминете преку реката Тибар преку мостот Свети Антонио украсен со прекрасни скулптури од римски уметници. Мостот ќе ве однесе директно до тврдината, односно мавзолејот на римскиот цар Адријан.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-03.jpg

Берлин – качување на врвот на „Рајхстагот“

Стаклената купола на врвот на берлинскиот Рајхстаг се чини поразличен од сите останати источно-берлински архитектонски здаија. Секој кој сака да се искачи на врвот на куполата може да го стори тоа бесплатно. Како награда ќе уживате во величествениот поглед кон главниот град на Германија. Поради големата заинтересираност сепак задолжителан е претходна резервација на термин.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-04.jpg

Лондон – посета на „Вестминстерската опатија“

Доколку се најдете во доцно попладне шетајќи покрај лондонската Темза и наидете на Вестминстерскиот мост, поминувајќи го слободно може да влезете во Вестминстерската опатија.

Секој ден точно во 17.30 h се отвараат портите на еден од најрепрезентативните готски архитектонски зданија во светот, во исто време кога започнува вечерната литургија. Доживувањето е збогатено со пеењето на црковниот хор.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-05.jpg

Мадрид – време за најдобрите музеи

Главниот град на Шпанија крие богатство од музеи, а во голем дел од нив може да влезете бесплатно. „Прадо“ е еден од нив кој чува уметничка збирка со нас 8.600 познати слики, меѓу кои и најдобрите дела на Франциско Гоја и Ел Греко.

Ќе видите илјадници други експонати, како и над 700 старогрчки и староримски скулптури, а влезот во музејот е бесплатен во недела.

„Националниот музеј и уметничкиот центар на кралицата Софија“ е фокусиран на дела од шпански уметници, со посебен акцент на работата на Писако и Дали. Посетата е бесплатна секоја сабота по 14.30h и во текот на цел ден недела.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-06.jpg

Прага – прошетка низ „Прашкиот замок“

„Прашкиот град“ или „Прашкиот замок“ е комплекс во главниот град на Чешка кој порано бил седиште на чешките кралеви, светите римски цареви и претседателите на поранешна Чехословачка. Денес е седиште на претседателот на Чешката Република.

Можете да ѕирнете делови од „Прашкиот замок“ сосема бесплатно, а влезот во некои одаи е забранет или се наплаќа. Во скриена одаја на Прашкиот град се чува кралскиот накит на Чешка со познатата Световацлавска круна.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-07.jpg

Будимпешта – обиколка на „Рибарските кули“

Рибарските кули претставуваат бастион од кули и тераса, изградени во стилот на неоготика и неокласицизам, сместени на западниот брег на реката Дунав, на ридот Замок во Будимпешта, околу црквата Св. Матијаш.

Од кулите и терасата има панорамски поглед на Дунав, островот Маргит, Пешта на исток и ридот Гелерт. Бесплатно може да уживате во овие убавини на Будимпешта.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-08.jpg

Милано – бесплатни залчиња со пијалакот

Во поголемиот дел милански барови во кој било ден од неделата во 18 часот покрај пијалакот кој ќе го нарачате може да се послужите и со јадење. Познатата „аперитиво“ пауза нуди изобилство на мали сендвичиња, колбаси, начос чипс со сосови. Најпознатите две местак каде ште ќе уживате во бесплатна храна во овој период од денот се „Le Biciclette“ и „ Bar Brera“.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-09.jpg

Лисабон – дегустација на локални вина

Звучи неверојатно, но вистинито. Организацијата „Винипортугал“ која се занимава со промоција на вино произведено во медитеранската Португалија нуди бесплатна дегустација на вина, на секој кој ќе ја посети „Португалската соба за дегустација“.

Ќе вкусите слатко порто или црвено вино од најпознатите португалски вински региони. Виното се служи бесплатно секој ден од вторник до сабота во периодот од 11 до 19 часот.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-10.jpg

Виена – обиколка на катедралата „Свети Стефан“

Едно од најважните и највпечатливите религиозни обележја на Австрија изградена во готски стил е црквата „Свети Стефан“ во Виена. Грандиозниот покрив е составен од неверојатни 250.000 шарени плочки, а впечатливата фасада дополнително го одзема здивот. А вие ќе можете бесплатно да уживате во оваа убавина, доколку се најдете во Виена.

Sto-mozete-da-vidite-i-vkusite-besplatno-vo-ovie-10-evropski-gradovi-11.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места с...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg