Најпријателските градови во Европа кои мора да ги посетите барем еднаш во животот

Постојат убави и за жал не толку убави места за шетање и одмор низ Европа. Некои од нив со добра причина пред себе ја имаат етикетата пријателски места за совршен одмор.

Najprijatelskite-gradovi-vo-Evropa-koi-mora-da-gi-posetite-vo-zivotot-01.jpg

Доколку немате идеја каде да отпатувате следниот пат, имајте ги предвид следниве 6 дестинации кои ќе ве пречекаат со многу изненадувања, но пред сè друго, со пријатна топла атмосфера и многу насмеани лица:

Сицилија

Сицилија е една од оние дестинации кои магнетски ве привлекуваат. Звучи прилично возбудливо и си го оправдува епитетот. Неуморното море кое пенливо се бранува и планините кои го опкружуваат малиот остров кој е обвиен со доза историја, преполн храмови од минатото кои датираат од 5-от век.

Уметноста и архитектурата на Сицилија го полни окото со убавина правејќи ве жедни за повеќе. Сицилија е совршена симбиоза на старо и ново и е еден од најуникатните и најпријателските градови кои ќе г посетите во животот.

Вулканот Етна треба да биде само една од многу дестинации додека сте во Сицилија. Плажите се исто така феноменални, а храната егзотична и вкусна.

Najprijatelskite-gradovi-vo-Evropa-koi-mora-da-gi-posetite-vo-zivotot-Sicilija-05.jpg

Севиља

Динамична атмосфера и богата култура се првите впечатоци кои ќе ги добиете по стапнувањето во Севиља. Богатото културно наследство ќе ве воодушеви, а задолжително посетете ја Алказар палатата.

Севиља, слично како  Барселона, нуди панорамско разгледување на градот со специјални автобуси кои кружат покрај сите знаменитости и можете да се симнете и качите онаму каде што ќе ви запне погледот. Невозможно е да ги испуштите дрвените „печурки“, една од најдобрите архитектонски структури во Шпанија.

Севиља е град со карактер. Огромната катедрала е една од најголемите во светот. Луѓето се само дополнителен зачин на прекрасната Севиља.

Najprijatelskite-gradovi-vo-Evropa-koi-mora-da-gi-posetite-vo-zivotot-Sevilja-06.jpg

Берлин

Со неизбришлива историска трага ќе зачекорите покрај остатоците од Берлинскиот ѕид, како и неверојатната Пруска палата.

Градот кој никогаш не спие воедно нуди одлична семејна забава за луѓето кои имаат дечиња. Кафетериите се одлично приспособени места каде што може да си ја испиете омилената кофеинска напивка или пијалак, а вашите дечиња да уживаат истовремено.

Жив, богат, вибрантен, Берлин нуди одлична забава и одлична храна за сечиј вкус. Вистински космополитски град со отворени пријателски раце за туристите.

Najprijatelskite-gradovi-vo-Evropa-koi-mora-da-gi-posetite-vo-zivotot-Berin-02.jpg

Стокхолм

Распространет на 15 островчиња и поврзан со 57 мостови, главниот град на Шведска е нешто што не сте го виделе никаде на друго место. Многу зелена архитектура, многу интересни ресторани и најстариот музеј на отворено во светот треба задолжително да се на вашата листа на места за посета.

Старата архитектура совршено се влопува со модерната. Не е никакво чудо што Стокхолм го обожаваат од 7 до 77 години, обвиен во прекрасна зелена шума и голем архипелаг.

Стокхолмската специјална картичка е инвестиција која ја правите еднаш, а трае засекогаш, бидејќи ви дозволува пристап до 75 атракции без дополнителна наплата, а воедно овозможува неограничено користење на јавниот градски превоз бесплатно.

Najprijatelskite-gradovi-vo-Evropa-koi-mora-da-gi-posetite-vo-zivotot-Stokholm-04.jpg

Мадрид

Постои интересна анегдота во Шпанија за двата главни ривали, Барселона и Мадрид. Се вели – „или сте смртно вљубени во Барселона, или се разбирате во уметност и фаворитот ви е Мадрид. Подобро бидете од вторите“.

Во Мадрид ќе ги пронајдете најдобрите уметнички дела на Гоја, Веласкез, Пикасо и Дали. Задолжително посетете го музејот Дел Прадо и уметничките галерии „Centro de Arte Reina Sofia и „Thyssen Bornemisza“ кои се сметаат за едни во најдобрите во светски рамки.

Освен тоа што ќе го нахраните окото со убавина, воедно ќе го нахраните и непцето со превкусна храна, бидејќи Мадрид е еден од најдобрите европски гастрномски центри.

Еден збор кој го опишува шпанскиот бисер? Страст. Мадрид е експлозија на бои, мириси, вкусови, звуци, уметност, архитектура, а луѓето се мошне пријатни и пријателски настроени.

Najprijatelskite-gradovi-vo-Evropa-koi-mora-da-gi-posetite-vo-zivotot-Madrid-03.jpg

Прага

Вистинска бајка, само така може да се опиште посетата на главниот град на Чешка. Насекаде ќе сретнете необични, креативни скулптури, прекрасни уметнички галерии и автентична архитектура која го одзема здивот.

Задолжителни места за посета нека ви бидат Прашкиот замок и прашкиот астрономски часовник во стариот град. Искачете се на врвот на Петрин набљудувачката кула, а потоа испијте едно (или неколку) ладни локални пива.

Прага е магнет за туристи, а доколку ја посетите наскоро ќе откриете и зошто.

Najprijatelskite-gradovi-vo-Evropa-koi-mora-da-gi-posetite-vo-zivotot-Praga-01.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg