10 прекрасни локации во Македонија кои мора да ги посетите доколку си ја сакате земјата

Оние кои имаат желба постојано да патуваат најчесто бираат дестинации надвор од домашните граници. Но, понекогаш забораваме или пак не знаеме колку убавини крие нашата земја.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite-01.jpg

Таа наша чудесна земја, каде што природата била особено дарежлива и ја покрила со раскошна убавина која го мати погледот и ни го исполнува срцето со гордост. Тоа се оние моменти кога може да почувствувате како земјата дише и се синхронизира со вашето издишување и се чувствувате убаво, топло и сакано.

Затоа што со еден збор, сте ДОМА.

Доколку сè уште не сте го сториле тоа, ви предлагаме да ги посетите овие 10 прекрасни локации низ Македонија кои се подеднакво убави во секој период од годината.

Ќе ви ја смират душата, ќе ви ги наполнат очите со убавина и ќе си ја засакате државата уште повеќе доколку отидете во:

Матка

Кањонот на Треска кој според карактеристиките претставува клисура-пробојница крие многубројни пештери, меѓу кои и Врело, најдлабоката подводна пештера на Балканот и втора по длабочина во Европа.

Поради големиот број манастири и цркви, Матка го носи и името Света Гора.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (8).jpg

Канео

Охрид е комплетно убав и магичен, но ретко кое место може да се спореди со Канео

Свети Јован Богослов Канео, најпознатата црква во Охрид, е лоцирана на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

Канео има зачувано добар дел од првобитните фрески кои датираат пред 1447 година. Иако се извршени одредени модификации бидејќи црквата долго време била напуштена, тоа не го изгубило својот првобитен шарм и магичност.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (2).jpg

Јанче

Првата асоцијација за Јанче? Зелено, многу зелено. Епитетите кои следуваат се мирно, тивко, мелем за душата.

Ова мијачко село спаѓа во рамките на општината Маврово-Ростуше, а се наоѓа во непосредна близина на Радика и регионалниот пат Дебар-Маврово.

Во моментов се реставрираат повеќе селски куќи во автентичниот архитектонски стил на областа со цел да се развие еколошкиот туризам. А верувајте, навистина вреди.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (15).jpg

Галичник

Што остана да се каже за Галичник што веќе не е кажано? Кој бил – знае, кој не бил – ќе се покае доколку не го стори тоа набрзо.

Галичник најубаво ќе го доживеете за време на Галичката свадба, но прекрасно е во секој период од годината.

Внимавајте само да сте топло облечени и подготвени да ја впиете суровата убавина на пределот, проткаени со легенди, мудрост и спокојство какво што нема да пронајдете никаде.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (1).jpg

Кокино

На прашањето – како изгледа Кокино, одговорот би бил: Како надвор од овој свет.

На само 35 km од Куманово, на надморска висина од 1013 m, веднаш под врвот Татиќев камен, ќе ја пронајдете мегалитската опсерваторија Кокино.

Во 20005 година, НАСА го стави Кокино на 4-тото место на листата со најстари и најважни астрономски опсерватории на светот.

Како што велат – на оваа света планина сте во непосредна врска со бога.

10-lokacii-vo-MK-koi-mora-da-gi-posetite (5).jpg

Уште 5 места на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg