Топ 10 најевтини места за живот во 2018

За оние кои се љубители на патувања, истражување на нови градови, култури и традиции, следнава листа ќе биде идеална.

top-10-najevtini-mesta-za-zhivot-vo-2018-01.jpg

За да патувате некаде, треба да бидете подготвени и да платите многу, но постојат земји каде тоа не е проблем бидејќи важат за евтини.

Но, освен за патување, има земји кои се евтини и за живот, па секој би посакал да ги спакува куферите и да замине на авантура во некое од следниве места.

Места кои ќе бидат најевтини за живот во 2018 година:

Лисабон, Португалија

На врвот на листата е Лисабон, кој е опишан како благороден и елегантен град, полн со инспирирачки знаменитости, шарени градби, градини, паркови, фонтани...

Лисабон, како и цела Португалија, нудат евтини цени за живот, кои се едни од најниските во Западна Европа, благодарение на завидната даночна состојба и поволните цени во недвижнините.

Овде може да живеете удобно, но скромно за околу 1.000 евра месечно.

top-10-najevtini-mesta-za-zhivot-vo-2018-02.jpg

Кали, Колумбија

Цените за изнајмување недвижнини се привлечни и поволни, климата е прифатлива, а палмите низ булеварите, парковите и љубезните луѓе, го прават местото идеално за живеење.

Во Кали, пар може да живее за околу 820 евра месечно, вклучувајќи го и изнајмувањето стан, а можете да купите трисобен стан со 2 бањи и на одлична локација за помалку од 35.000 евра.

top-10-najevtini-mesta-za-zhivot-vo-2018-03.jpg

Санто Доминго, Доминиканска Република

Доминиканската Република има најбрзо растечка економија во Латинска Америка, а главниот град е идеално место за живот.

Со живописни улици, динамично пристаниште, настани, фестивали и ресторани, Санто Доминго е одлично место каде туристите уживаат.

За живеење, пар може да очекува дека ќе потроши околу 1.200 евра месечно, вклучувајќи наемнина и храна.

top-10-najevtini-mesta-za-zhivot-vo-2018-04.jpg

Сан Педро, Белизе

Ако некогаш сте посакале живот на плажа со нормални и пристапни цени, Сан Педро е местото каде можете да го најдете тоа.

Мало гратче со иселеници од цел свет кои дошле да создадат подобар живот – отвараат бизниси, планираат и организираат настани и се дружат на скара на плажа.

Цените на недвижнините не се толку ниски, но во споредба со други Карипски острови се многу поповолни.

Ове становите кои не се веднаш до плажа може да се најдат за помалку од 800 евра месечно, но доселениците може да очекуваат дека ќе трошат околу 1.600 евра месечно за сѐ вкупно.

top-10-najevtini-mesta-za-zhivot-vo-2018-05.jpg

Сент Чиниан, Франција

Прованса е познато, но скапо место во Франција, па алтернатива е Сент Чиниан, место кое се опишува како типично француско село, каде секојдневието изгледа како да живеете во светот на „Убавицата и Ѕверот“.

Сместено е на рид и имате чувство како да е далеку од сè, но всушност, Шпанија е многу блиску, а можете и за 3 часа да стигнете до Париз на ручек.

Познат е по поволните цени на недвижнини кои се половина од оние скапи и популарни места, а благодарение на одличниот јавен превоз, може да се живее без автомобил, а просечен пар овде би потрошил околу 1.300 евра месечно на кирија и трошоци за живот.

top-10-najevtini-mesta-za-zhivot-vo-2018-06.jpg

Уште 5 места на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg