Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Авантуристот Тони Гогов: „Штом стапнеш во Лапонија, животот повеќе не ти е ист“

Луѓето кои им одат во пресрет на животните предизвици секогаш испишуваат поразлична приказна од останатите. Авантуристичка, исполнета со шаренило и мудрост. 

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 3

Токму таква сторија се крие зад идентитетот на Тони Гогов од Струмица. Човекот кој има работено во неколку држави низ светот и сфатил дека границите на Македонија за него се претесни.

Откако добил работна понуда од Арктичкиот ресорт Какслаутанен во Финска, без никакво двоумење ја прифатил можноста за остварување на својот сон и заминал во Лапонија, да се сплоти со нејзината магија и убавина.

„Да бидам искрен, никогаш не сум ја посакувал Финска како дестинација за посета, а уште помалку за живеење. Во едно нешто бев потполно сигурен, дека никогаш не би можел да живеам на далечниот север. Посебно не во Финска. Првата мисла ми беше дека Финска е премногу ладна, досадна и тивка држава. Имајќи предвид дека не сакам мрак, а нивниот јазик звучи доста чудно“, раскажува Тони Гогов пред неговото заминување.

„Дали некогаш сте имале чувство дека припаѓате на некое место каде што не сте стапнале? Никогаш не сум се чувствувал вака сè до моментот кога се преселив во Лапонија. Замислете да ноќевате во снежна хармонија завиткани во топли прекривки, во зимската тишина, а над вас воодушевувачки поглед на светот, поларната светлина, позната како аурора бореалис“.

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 6

Лапонија на Тони Гогов му понудила доста можности на социјализација. Близу до неговиот дом се наоѓа воедно и најсеверниот зимски ски центар на светот, каде за првпат во животот научил сноубординг.

Таму температурите во текот на зимскиот период се движат од -15 до -35 степени. За уживањето да биде уште поголемо, Лапонија на Тони му овозможила уникатни дневни активности како лизгање со санки влечени од хаски, возење со моторни санки, прошетки и средби со ирваси, риболов во замрзнати реки, посета на најголемите национални паркови во Финскa, традиционалната сауна и пливање во замрзнато езеро.

Сепак, како што ни открива тој, вистинската забава доаѓа по зајдисонцето, кога започнува волшебната игра на поларната светлина.

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 8

„Самото доаѓање во Арктичкиот круг беше пропратено со силно чувство. Лапонија ми даде можност за секојдневен живот без стрес и суета, да дишам чист воздух, да бидам спокоен во тишината“, споделува Тони, кој ужива во сопствениот живот.

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 10

Финците како народ му се допаѓаат, а некои од нив му помагаат да се вклопи и во нивното секојдневие. Вели дека луѓето таму се вредни и скромни, имаат почит кон авторитет и постарите лица и не креваат прашина зад себе.

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 5

„Ја сакам Финска зошто е земја со 188 илјади езера и огромна површина на шума. Финска е единствено место во светот каде можете да го запознаете вистинскиот Дедо Мраз. Воедно имав можност да се поздравам со човекот во црвено во неговиот официјален дом во Рованиеми, на границата на Арктичкиот круг. Финскиот термин Jakamiehen Oekeus значи дека секој човек има слобода да се движи низ природата. Овде може да собирате печурки, малини, капини, а притоа да го почувствувате прекрасниот чист воздух и повикот на дивината“, се изјаснува Тони Гогов.

„Сепак, постои дел во годината кога сонцето воопшто не се појавува месец и половина. Поларните ноќи или на фински Kaamos беа навистина мрачни и депресивни. Тој период бев целосно посветен на работата и немав можности да уживам во сето она што природата го нуди овде.“

„Во февруари влеговме во прекрасна пролет иако надвор е сè уште ладно и има снег. Паѓањето на температурата се случува сосема неочекувано. Кога е најладно, на зајдисонце небото е покриено со палета од виолетова, розова и портокалова боја, појава позната како огнено небо“.

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 4

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 2

Неговиот живот целосно се променил кога го напуштил својот дом во Македонија. Секогаш новите средини, култури и општества го менуваат и него.

Тони запознал многу луѓе од различни држави и стекнал нови пријателства. И токму таму се чувствува како дел од заедницата, дел од тимот и во надвор од работата.

Локалците, иако на почетокот му изгледале недостапни, на крај сфатил дека се љубезни и пријателски настроени штом подобро ги запознал.   

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 7

По завршување на неговиот работен договор во април се враќа во Македонија на неколку недели и веднаш потоа заминува на островот Крит, кој го смета за својот втор дом.

Таму го очекува работен проект за отворање на нов хотел, но и покрај сè магијата на Лапонија секогаш ќе ја носи во себе без разлика каде и да се наоѓа во светот.

shtom stapnes vo laponija zivotot povekje ne ti e ist 9

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
5 места низ Македонија кои може да ги посетите за викенд, според наш туристички водич (видео) Ако сакате да тргнете на еднодневна прошетка низ Македонија, или да заминете на ...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg