Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мал средновековен град во Словачка е следната популарна романтична дестинација

Во срцето на Словачка се наоѓа градот Banská Štiavnica, прекрасен средновековен мал град каде е објавена најдолгата љубовна песна во 19-тиот век.

mal-srednovekoven-grad-vo-slovachka-e-slednata-popularna-romantichna-destinacija-2.jpg

Инспирирани од минатото, жителите на овој рударски град сметаат дека токму Банска Штиавњица е следната популарна европска романтична дестинација.

Поетот Андреј Сладковиќ во 1846 година ја напишал песната „Марина“, посветена на неговата несреќна љубов кон сограѓанката Марина Пишлова, составена од дури 2.900 стихови.

mal-srednovekoven-grad-vo-slovachka-e-slednata-popularna-romantichna-destinacija-3.jpg

Поетот бил сиромашен, а Марина била омажена за богат пекар. Куќата во која Марина некогаш живеела денеска е претворена во љубовен епицентар, во кој се изложени извадоци од песната.

Исто така, во нејзината куќа постои и таканаречена банка на љубовта, каде паровите можат да ги остават своите љубовни завети.

mal-srednovekoven-grad-vo-slovachka-e-slednata-popularna-romantichna-destinacija-4.jpg

Локалните невладини организации се сигурни дека во овој град лежи потенцијал за нова Верона.

Banská Štiavnica е целосно сочуван средновековен град со многу историски споменици и артефакти кои сведочат за животот низ вековите.

mal-srednovekoven-grad-vo-slovachka-e-slednata-popularna-romantichna-destinacija-5.JPG

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Бајковита тура низ Европа - 10 замоци кои мора да ги посетите барем еднаш Германија, Италија, Шпанија, па дури и земјите во регионот имаат замоци кои изгл...
10 топли дестинации каде да ги поминете продолжените викенди оваа пролет Грчкиот остров Крф е посебно магичен за велигденските празници, Рим е совршен сп...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело? Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни п...
Дестинации на Балканот што секој мора да ги посети (барем еднаш) Познат како „бисер на Јадранот“, Дубровник е препознатлив по добро сочуваните ср...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg