3 музеи кои треба да ги посетите доколку патувате во Берлин

Германската престолнина освен што нуди можност за незаборавна забава и ќе ве спроведе низ безброј дискотеки со електронска музика, сепак и ќе ви овозможи пристап до интересни музеи.

muzei vo berlin koi treba da gi posetite 4

Ги има за сечиј вкус, па дури и за оние пребирливите. Без разлика дали сакате да видите збирка на артефакти или други предмети од научно, историско, уметничко или културно значење, Берлин ќе ви го овозможи тоа духовно уживање.

Käthe Kollwitz Museum

Музеј кој поседува голема колекции од делата на Käthe Kollwitz. Од слики, скулптури и гравури кои зборуваат за човечката болка, хоророт на постоењето и надежта како заеднички елемент од еден животен циклус.

muzei vo berlin koi treba da gi posetite 3

Neues Museum

Музејот кој е изграден во 1843 година и кој за времето на Втората Светска Војна бил затворен и оштетен по бомбардирањето на Берлин претставува простор каде на едно место е собрана колекција на праисториски и египетски артефакти, скелети на неандерталци и биста на Нефертити се главните точки во музејот.

muzei vo berlin koi treba da gi posetite 2

The Berggruen Museum

Интересен музеј составен од колекција на модерна уметност во Берлин, каде колекционерот Heinz Berggruen сите собрани дела во својот живот ги има оставено на својот роден град. Од слики на Пабло Пикасо, Анри Матис, па сé до Паул Кле.  

muzei vo berlin koi treba da gi posetite 1

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Атмосферата во Дојран во јуни 2025: Полни плажи, многу капачи во езерото и пристапни цени (нескафе -... Ќе уживате во голема порција локумадес за 70 до 120 денари и ќе се сончате на не...
Најдобрите бич барови во Шенѓин (на 300km од Скопје e ова албанско летувалиште со пристапни цени) Ова летувалиште на Јадранското Море има неверојатно пристапни цени, а и модерни ...

Најчитани неделава