Сакаш да кампуваме овој викенд?

Сите со нетрпение го чекаме викендот, но често ни се случува ништо да не ни се прави. Излегувањето ни е здодеано, цело време сме опкружени со исти луѓе. 

sakash-da-kampuvame-ovoj-vikend_8.jpg

Реклама

Собиранките со друштвото изгледаат како примамлива идеја, но ако се претерано чести и тие знаат да го изгубат задоволството. Во слични ситуации кога сакаме нешто ново да ни се случи во животот, а исплашено ги отфрламе сите предизвици, најдобро е да се замине на кампување.

Барем за тоа не ни требаат пари. Со друштво, партнер или во краен случај сами, направете си кратка екскурзија на некое релаксирачко место и дозволете си на себеси да излезете од шаблонот на монотонијата, посебно ако имате фиксно работно време од понеделник до петок. Шатор, вреќа за спиење, нешто храна и пијалаци и прочистувачка авантура може да започне.

Ако сé уште се двоумите во продолжение следува листа на причини зошто би требале барем еднаш на неколку месеци да го практикувате ова рехабилитирачко патување:

Поврзете се со природата и дозволете ѝ да ја отстрани сета негативна енергија од вас.

sakash da kampuvame ovoj vikend 6

Навиките и комфорот оставете ги зад себе. Кампувањето ќе ви открие еден сосема нов свет полн со нови можности и перспективи.

sakash da kampuvame ovoj vikend 2

Самото пешачење по планински предели ќе ви го размрда телото.

sakash da kampuvame ovoj vikend 1

Почувствувајте ја суштината на тишината.

sakash da kampuvame ovoj vikend 3

Подгответе јадења што претходно никогаш ги немате пробано.

sakash da kampuvame ovoj vikend 5

Освежете го духот и телото пред да се вратите на работните навики.

sakash da kampuvame ovoj vikend 7

И најубавото нешто. Гледајте во ѕвезди и сонувајте.

sakash da kampuvame ovoj vikend 4

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg