Дива природа која создала магична убавина – водопадите на Крка

Официјално прогласен за национален парк и богатство во 1985 година, со површина од 109 km2, хрватската „Крка“ плени со својата дива убавина со чија помош успеала да издлаби неверојатни пејзажни глетки.

Diva-priroda-koja-sozdala-ubavini-vodopadite-vo-Krka-01.jpg

По течението на цели 73 km од реката Крка и долниот тек на реката Чичола, паркот Крка може да се пофали со седум водопади кои се наредени еден под друг и вкупен пад од 224 метри.

Темел на водопадите е Скрадинскиот, 45 метри. Водата е кристално чиста и бистра, а пенливиот звук не остава никого рамнодушен.

Овој природен феномен освен со водопадите плени и со многуте природни езера преполни со разновидна флора и фауна.

Чист воздух, бистра вода, многу зеленило, уживање и пливање под водопади, има ли причина зошто не би го посетиле националниот парк Крка во Хрватска ова лето?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg