Вулкански кратер, пештери и манастири - Откријте ја мистериозната убавина на Лесново


Вулкански кратер, пештери и манастири - Откријте ја мистериозната убавина на Лесново

Одамна сакав да го посетам село Лесново, големиот број приказни слушнати за него, не ме оставија рамнодушен, туку ме мотивираа еден викенд со група инстаграмџии да заминам во истражување на овој предел во Македонија. 

vulkanski krater peshteri i manastiri otkrijte ja misterioznata ubavina na lesnovo 1

Натоварен со моите камери и патничкиот ранец, првата дестинација од авантуристичката тура беше Лесновската купа.

Знаев дека пред 20-30 милиони години во западниот дел на Осоговските Планини имало кратер, и ете, конечно дојде денот да го засведочам со своето присуство.

Мора да признам дека се чувствував привилегирано што имав можност да стојам на еден од најпознатите згаснати вулкани во Македонија, па и пошироко, и истовремено да замислувам како на ова место било исфрлано големо количество на вулкански материјал.

 

Навистина е забавно да седиш на лавични карпи од вулкански кратер, кој бил активен пред 20-30 милиони години. Лесновската купа или кратер, кој се наоѓа во западниот дел на Осоговските Планини ми овозможи едно несекојдневенo доживување. Кога подобро се загледав во рамката на кратерот го забележав правецот на течење на некогашната лава. Ова е кул место за еден исполнет ден. Го имате ли посетено Лесново? - - - - - #брегалничкислив #брегалница #истражијамакедонија #instatour #instagraphy #goprooftheday #gopro #iamtb #vscomacedonia #roadtrippin #macedonia #инстаграмџии #skopjeinfo #rebornphoto #seekthesimplicity #adventureseeker #agameoftones #travelgram

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Додека стоев на лавичните карпи, жедно го впивав тивкото пространство. Со мала помош на придружниците, по рамката на кратерот го забележав правецот на некогашното течење на лава. Оставен без зборови, зад себе го оставивме Лесновскиот кратер и продолживме понатаму.

 

🌿 Порано верував дека секојдневен контакт со што поголем број луѓе ќе ме оттргне од самотијата и ќе ми го заблажи теснотилакот. По сè, сфатив дека во глутница луѓе со празни души се чувствував поосамено отколку сега кога бев застанат на оваа изолирачка контура. Барем малку повеќе да бев опаметен, ќе знаев и немаше да погрешам дека само со остварен контакт со стварноста можев да се ослободам од жилавите пранги на осаменоста. (Годините кога научив да летам) 📷 @svidovski - - - - - #инстаграмџии #брегалничкислив #истражијамакедонија #instagraphy #instatour #vscomacedonia #moodygrams #moodysolutions #artofvisuals #way2ill #ig_underdogz #nomadlife #hikingculture #mountainsarecalling #upinthesky #hikingadventures #hikingtheglobe

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Не правев ама баш никакви претпоставки. Очекував да налетам како и на секоја друга пештера, но она што ми се исперчи пред нос беше поглед што ми ја освежи мојата авантуристичка природа.

Најмногу ме фасцинира фактот што истите пештери се настанати од човечка рака. Морав да се распрашам за да добијам појасна слика и дознав дека до осумдесеттите години од минатиот век, на ова територија се изработувале навистина квалитетни воденички камења од вулкански карпи.

vulkanski krater peshteri i manastiri otkrijte ja misterioznata ubavina na lesnovo 4

Ова занимање на мештаните од село Лесново траело со векови кои биле доста добри во својот занает. Тоа го покажува и фактот што истите воденички камења биле разнесувани низ целиот Балкански Полуостров.

Додека се шетав низ устието на пештерите со тук-таму мали водени површини, освен што чувствував како студот ми се вгнездува во коски, имав осет дека испулените очи на Голум ме набљудуваат од некој темен агол. Немам зборови. Ова беше навистина епско доживување.  

Импресионирани од веќе виденото, заедно со групата инстаграмции, се упативме спрема Лесновскиот манастир, изграден во 1343-та година, посветен на св. Арахангел Михаил и св. Гаврил на оддалеченост од еден километар од пештерите.

Колку што ми е познато, не е точно утврдено кога живеел Гаврил Лесновски, а со тоа се надвиснува и мистеријата околу градењето на манастирот.

Едните велат дека бил изграден за време на замонашувањето на св. Гаврил Лесновски, а другите, дека издигнувањето се случило по неговата смрт, откако се развил култот за подвижничкиот живот.

vulkanski krater peshteri i manastiri otkrijte ja misterioznata ubavina na lesnovo 3

Впрегнати по вжештениот пат, нетрпеливо чекавме да стапнеме во сакралниот храм, познат по богатиот иконостас и фрескосликарството.

Пред влезот, имаше неколку автобуси со постара група на туристи, кои седнати во кафанчето се ладеа со свежи напивки и гмечеа хамбургери. Штом ја поминав железната капија, ме исполни една внатрешна сталоженост и мислите како одеднаш да ми се смирија.

vulkanski krater peshteri i manastiri otkrijte ja misterioznata ubavina na lesnovo 5

Пред да продолжам со истражување на Лесновскиот манастир, морав да облечам долен дел на тренерки, зошто беше забрането да се моткаш во шорцеви.

Дворот, среден од страна на монасите, со црвени рози насекаде околу нас, заедно со конаците, беше скротувачко опкружување.

Се потсетив дека Лесновскиот манастир бил еден од најактивните препишувачки центри, каде се одвивала книжевна дејност, а многумина тврдат дека самиот манастир поседува моќ, која ги лекува болните.

vulkanski krater peshteri i manastiri otkrijte ja misterioznata ubavina na lesnovo 6

Штом се оддалечивме од овој библиски простор, како што го доживуваат мештаните од околните селам наминавме на појадок во Етно Лесново, или попознато Кај тетка Весна.

Женичката, која заедно со своето семејство е посветена на развој на селски туризам, со сопствени раце ни подготви зелник, пита, мекици, домашно кисело млеко, сок од бозел и речели.

Седнати во сенка, на пространа маса, ги споделувавме доживувањата, додека пред нас се простираше Лесновски манастир, како овековечен  сегмент од некој поразличен свет.

vulkanski krater peshteri i manastiri otkrijte ja misterioznata ubavina na lesnovo 7

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три месеци низ Европа и назад во Куманово: Отпатувајте со Евгениј Секогаш потребата за промена знае да ме внесе во нови патувања. Така се случи и ...
Ако некогаш се решите да патувате со автостоп - Што треба да знаете? Понекогаш не ни требаат многу пари кога знаеме дека постојат начини да го пропат...
За сите фанови на Game of Thrones: Како навистина изгледа Dragonstone? Ако некогаш се најдете во Северна Шпанија и воедно сте голем љубител на Gam...

Најчитани неделава