Секогаш доцнат, јадат глувци и крокодили: 11 факти за животот во Виетнам


Секогаш доцнат, јадат глувци и крокодили: 11 факти за животот во Виетнам

Виетнамец тешко дека ќе стигне навреме на закажаната средба, а и не е чудно ако ѓубрето во кафуле го фрли под масата.

uriniraat-na-ulica-jadat-gluvci-11-fakti-za-zivotot-vo-vietnam-01.jpg

Виетнам е една од оние земји каде туристите може да минат евтин одмор облечени само во влечки и да доживеат неверојатни искуства.

Сепак, некои навики на Виетнамците може негативно да ги изненадат туристите:

Запознавање со локалното население

Кога се запознавате со локалците ќе ви се чини дека го слушате истото презиме и навистина е така.

Дури 40% од популацијата на Виетнам го има презимето Nguyễn и 11% презимето Trần.

uriniraat-na-ulica-jadat-gluvci-11-fakti-za-zivotot-vo-vietnam-02.jpg

Личен простор

Заборавете на личниот простор во Виетнам. Во автобус Виетнамците секогаш ќе седнат до еден од патниците. Тие нема да седнат на слободните места во следниот ред.

Во зградите вратите од становите им се отворени и тоа е нормално. Ако се затворени, тогаш ќе се загрижат соседите и ќе дојдат да ве прашаат дали е сè во ред.

Куќите на приземјето немаат завеси и ролетни и преку прозорците слободно можете да видите што се случува внатре.

Исто така, тука нема почитување на личен простор и сите се лепат до вас, без разлика дали чекате ред во банка или зборувате со некого.

uriniraat-na-ulica-jadat-gluvci-11-fakti-za-zivotot-vo-vietnam-03.jpg

Несоодветни прашања

Во виетнамските разговори сосема нормално е да ве прашаат колку години имате и колку заработувате.

Виетнамците веруваат дека на овој начин покажуваат искрен интерес за соговорникот.

uriniraat-na-ulica-jadat-gluvci-11-fakti-za-zivotot-vo-vietnam-04.jpg

Секогаш кажуваат „да“

Тие не сакаат да кажуваат „не“. Постојано ќе ви климаат со главата и ќе ви даваат потврда.

Најдобро е внимателно да ги набљудувате ако сакате да прочитате што мислат навистина.

uriniraat-na-ulica-jadat-gluvci-11-fakti-za-zivotot-vo-vietnam-05.jpg

Секогаш доцнат

Точноста дефинитивно не е одлика на Виетнамците. Ако ви кажат за „5 минути“ или утре, најверојатно ќе ви одложуваат вечно.

uriniraat-na-ulica-jadat-gluvci-11-fakti-za-zivotot-vo-vietnam-06.jpg

Слаба хигиена

Ако одите во Виетнам, мора да се подготвите дека во многу кафулиња го фрлаат ѓубрето на улица директно под масата.

Туристите, исто така се шокирани, што мажите во Виетнам уринираат речиси каде ќе стигнат на улица.

uriniraat-na-ulica-jadat-gluvci-11-fakti-za-zivotot-vo-vietnam-07.jpg

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Топ 12 плажи кои треба да ги посетите ако летово одите на вториот крак... Иако не е толку популарен како првиот крак во Грција, сепак вториот крак, Ситони...
5 необични хостели низ Европа кои треба да ги посетите Сите сакаме да патуваме, нели? Некој повеќе ужива во комфорот, некој сака б...
Колку може да ве чини еден ден на плажа во познатите туристички места? Порталот Post Office, секоја година објавува таканаречен барометар на цени споре...