Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што треба да знаете за одмор во Грција на крајот на септември?

Иако крајот на септември не е вообичаен период за одмор, времето во соседна Грција воопшто не навестува дека е крај на туристичката сезона, а многумина ги користат последните денови од септември за неколку дена на плажа.

shto-treba-da-znaete-za-odmor-vo-grcija-na-krajot-na-septemvri-01.jpg

Во летниот период Грција ја посетуваат милиони туристи од целиот свет. Во текот на септември времето исто така е топло, но е поподносливо во однос на јули и август.

Исто така, цените на аранжманите се пониски, па може да добиете навистина добра зделка за опремен апартман во близина на плажа.

Но, треба да имате на ум неколку нешта пред да тргнете на одмор во Грција на крајот на септември:

На островите може да има чести прекини на снабдување со струја и вода

На пример, на островот Хидра во септември често се случува да се штеди на струјата и водата. Голем број сместувачки капацитети имаат бојлери поврзани со соларни панели, па поради подоцнежното изгрејсонце, а порано зајдисонце, може да се случи наутро и навечер да немате топла вода за туширање.

shto-treba-da-znaete-za-odmor-vo-grcija-na-krajot-na-septemvri-02.jpg

Еколошка тревога на Крит

Во екот на туристичката сезона на овој остров е дозволено буквално сè. Но, откако ќе почне расчистувањето и туристите поретко ќе доаѓаат, мештаните се посветуваат на зачувување на животната средина.

Нека не ве чуди што во овој период има одредени забрани, со цел да се ревитализира природата.

shto-treba-da-znaete-za-odmor-vo-grcija-na-krajot-na-septemvri-03.jpg

Поретки летови

Доколку патувате со авион до некоја од туристичките дестинации, информирајте се редовно за летовите, бидејќи се случува некои нискобуџетни сезонски летови да бидат укинати при крајот на туристичката сезона.

shto-treba-da-znaete-za-odmor-vo-grcija-na-krajot-na-septemvri-04.jpg

Маслиновото масло може да ви биде наплатено како додаток

Во период кога има помалку туристи, со одредба од 1 јануари 2018 година, маслиновото масло доаѓа на вашата маса во мало запечатено шишенце кое ќе ви биде дополнително наплатено на вашата сметка.

Ваквиот закон е донесен за да се заштити ова грчко деликатесно богатство, односно да не оксидира во шишињата кои обично се дополнуваат од голема канта.

Во екот на сезоната потешко се забележува доколку угостителот ве послужи со рефус масло, бидејќи истото може да се истроши во текот на еден ден и нема да биде променет ниту мирисот, ниту вкусот.

shto-treba-da-znaete-za-odmor-vo-grcija-na-krajot-na-septemvri-05.jpg

Обезбедете си доволно средства против комарци и опекотини од медузи

Во Егејското Море, особено на Халкидики, медузите се честа појава во септември. Некои од нив се лесно видливи во водата, но ги има и проѕирните, кои лесно се претопуваат во морето.

Најдобро е да носите гел или крема против опекотини од медузи, а за вечерните часови задолжителни се лосионите и спрејовите против комарци и други инсекти.

Секако, патничкото осигурување е задолжително, бидејќи осигурителните компании покриваат долг список на лекарски и болнички услуги за туристите.

shto-treba-da-znaete-za-odmor-vo-grcija-na-krajot-na-septemvri-06.jpg

Задолжително извадете меѓународна возачка дозвола

Иако на граничните премини ретко бараат да ја покажете меѓународната возачка дозвола, таа е задолжителна доколку патувате со автомобил (независно во кој период од годината).

Истата ви е потребна и ако патувате со организиран превоз, а планирате таму да изнајмите автомобил преку услугата „rent a car“. Потребно е со себе да ја имате и важечката биометриска возачка дозвола и меѓународната.

Ова правило важи за кој било период од годината, но сепак имајте го како потсетник доколку планирате сега да патувате.

shto-treba-da-znaete-za-odmor-vo-grcija-na-krajot-na-septemvri-07.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg