Од Дубаи до Венеција: 9 луксузни дестинации кои се разочарувачки во реалноста (фото)
Некаде ќе ве дочекаат турканици од народ, на друго место прескапи цени, а на трето воопшто нема ниту да се одморите.

Некои места во светот се познати како жешки дестинации за туристите. Некои привлекуваат посетители поради архитектурата, други поради природата, трети поради модерните локали и луксузни продавници. Но, понекогаш работите на жешките дестинации за туристите во реалноста не изгледаат така како што очекуваме.
Дестинации што ќе ве разочараат поради одредени аспекти:
Champs Elysées во Париз е една од најиконските улици во светот, со многу музеи, ресторани и хотели со 5 ѕвезди.

Ги има најпознатите светски брендови и со право се смета за една од најскапите улици за шопинг.

Но, во најголемиот дел од времето едвај ќе можете да се движите по неа од огромниот број на туристи.

И тешко ќе пронајдете место во кафуле.

Кога мислите на одмор на Бахамите сигурно мислите на рај со тиркизна вода.

Или се замислувате како шетате по плажата.

Но, во реалноста Бахамите се речиси скапи како Лас Вегас, има забава до раните утрински часови и еден пијалак ќе ве чини 17 евра.

Дубаи се смета за една од најгламурозните, спектакуларни и футуристички урбани дестинации.

Во најлуксузниот хотел на светот Бурж ал Араб ноќ чини и пo речиси 3.000 евра и има ресторан како аквариум.

Но, во Дубаи ќе ве пречекаат постојани градежни активности и врева од нив.

Градот Далиан во Кина се смета за еден од најрелаксираните градови за живот во светот поради импресивното крајбрежје.

Очекувате прекрасни глетки и неверојатни плажи.

Но, во екот на сезоната плажите се преполни со народ и нема да можете да се релаксирате.

Дали ова ви изгледа како вистински одмор?

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото)
Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Мож...
Не е Тоскана, скопско Ајватовци е (фото)
И ние го имаме Ајватовци и совршен поглед, како во Тоскана, до каде очите ни доп...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц...
Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ...
Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи
Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални изво...
Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копао...