Од Дубаи до Венеција: 9 луксузни дестинации кои се разочарувачки во реалноста (фото)
Некаде ќе ве дочекаат турканици од народ, на друго место прескапи цени, а на трето воопшто нема ниту да се одморите.
Некои места во светот се познати како жешки дестинации за туристите. Некои привлекуваат посетители поради архитектурата, други поради природата, трети поради модерните локали и луксузни продавници. Но, понекогаш работите на жешките дестинации за туристите во реалноста не изгледаат така како што очекуваме.
Дестинации што ќе ве разочараат поради одредени аспекти:
Champs Elysées во Париз е една од најиконските улици во светот, со многу музеи, ресторани и хотели со 5 ѕвезди.
Ги има најпознатите светски брендови и со право се смета за една од најскапите улици за шопинг.
Но, во најголемиот дел од времето едвај ќе можете да се движите по неа од огромниот број на туристи.
И тешко ќе пронајдете место во кафуле.
-->
-->
Кога мислите на одмор на Бахамите сигурно мислите на рај со тиркизна вода.
-->
Или се замислувате како шетате по плажата.
Но, во реалноста Бахамите се речиси скапи како Лас Вегас, има забава до раните утрински часови и еден пијалак ќе ве чини 17 евра.
Дубаи се смета за една од најгламурозните, спектакуларни и футуристички урбани дестинации.
Во најлуксузниот хотел на светот Бурж ал Араб ноќ чини и пo речиси 3.000 евра и има ресторан како аквариум.
Но, во Дубаи ќе ве пречекаат постојани градежни активности и врева од нив.
Градот Далиан во Кина се смета за еден од најрелаксираните градови за живот во светот поради импресивното крајбрежје.
Очекувате прекрасни глетки и неверојатни плажи.
-->
Но, во екот на сезоната плажите се преполни со народ и нема да можете да се релаксирате.
Дали ова ви изгледа како вистински одмор?
Продолжува на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

12 причини зошто би сакала да се родев во Италија
За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи)
Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“
„Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

5 места низ Македонија кои може да ги посетите за викенд, според наш туристички водич (видео)
Ако сакате да тргнете на еднодневна прошетка низ Македонија, или да заминете на ...

Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото)
Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...

9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло
Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...