Спој на природа и авантура - 3 села во Европа кои треба да ги посетите


Спој на природа и авантура - 3 села во Европа кои треба да ги посетите

Понекогаш, за време на нашите патувања, треба да направиме отстапки. Наместо да одиме да ги посетиме извиканите локации, кои се наменети само за туристички очи, добро би било да шетнеме низ маалата и уличките каде живеат локалците, каде најдобро може да се препознае животот и навиките на мештаните.

spoj na priroda i avantura sela koi treba da se posetat 7

Или наместо да главиме по големи метрополи, да се моткаме низ метроа и трамваи, да се направи промена и да се посети некое рурално место, некое село, кое дополнително ќе нé инспирира и ќе ви овозможи поинаков пристап за државата во која се наоѓате.

А освен тоа, природата и тоа како пријатно ќе влијае врз вас.

Во продолжение следува листа на интересни селца низ Европа, кои се лесно достапни, а истовремено и неодоливо примамливи.

Bibury, Англија

Англиско селце кое е неверојатно за истражување. Доволно е да ги видите фотографиите на интернет за веднаш да посакате да сте таму.

На дваесеттина километри од Cirencester, ова инспиративно место е познати по своите камени куќарки со стрмен кров изградени во 17 век, а местото каде се наоѓаат овие куќарки е именувано како Arlington Row.

Без сомнение, Bibury  ќе ви овозможи едно поинакво патување, кое налик на филм ќе ве пренесе во руралниот живот во Англија.  

spoj na priroda i avantura sela koi treba da se posetat 5spoj na priroda i avantura sela koi treba da se posetat 5

Soglio, Швајцарија

Кога за прв пат слушнав за Soglio, веднаш ми падна мислата дека ова е некој портал до рајот. И до ден денес го мислам истото. Блиску до границата со Италија, ова е село на Швајцарските Алпи со помалку од 200 жители, од кои мал дел се странски државјани.

Место за авантуристи, планинари и луѓе кои сакаат да ги откријат убавината на скриената природа.

spoj na priroda i avantura sela koi treba da se posetat 6spoj na priroda i avantura sela koi treba da se posetat 6

Marzamemi, Сицилија

Листава не може да помине без некое село на Сицилија. Marzamemi во принцип е рибарско село, така што во секој момент може да се гостите со свежа риба и морска храна.

Но, освен што ќе го имате овој благодат, можноста да бидете дел од едно селце со егзотичен изглед е моментот од кој ќе црпите големо задоволство.

Ако некогаш го посетите ова место кое на времето било изградено од рибари, ќе се соочите со калдрмисани и тесни улички и површини каде може да го набљудувате длабокото сино море.

spoj na priroda i avantura sela koi treba da se posetat 3spoj na priroda i avantura sela koi treba da se posetat 3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ фотки: 20 причини да го посетите Златибор во зима Златибор важи за едно од најбајковитите места во Србија, кое има многу што да по...
Што кријат раселените села низ Македонија? Приказна за селото Страцин ... Кога си свесен дека во Македонија постојат места што допрва треба да се истражат...
Авантура долга 2.000 километри - Од Куманово до Истанбул со автомобил ... Уште еднаш сфатив дека спонтаните одлуки донесени во животот, остануваат најдлаб...