12 неверојатни работи кои ќе ги искусите ако одите на крстарење на Антарктикот

6. После неколку дена на море ќе гледате само пејзажи обоени во бело и разни нијанси на сино, па ќе почнете повеќе да ги цените боите.

12-neverojatni-raboti-koi-kje-gi-iskusite-ako-odite-na-krstarenje-na-antarktikot-16.jpg

7. Иако во суровите услови на Антарктикот тешко дека ќе успее некое растение од други делови на светот, многу се внимава на заштита на растителниот и животински свет таму и спречување на загадувањето. Па, пред стапнувањето на копно целата облека што планирате да ја носите на брегот мора да биде подложена на земјоделска инспекција, осигурувајќи случајно да не сте транспортирале семиња или друг органски живот на континентот. Исто така, мора да носите специјални чизми кои се носат само на брегот и се чуваат во посебна преграда.

12-neverojatni-raboti-koi-kje-gi-iskusite-ako-odite-na-krstarenje-na-antarktikot-13.jpg

8. Откако ќе стапнете на копно ќе видите колони пингвини и групи морски фоки што лежат на мразот. Бидејќи ретко гледаат луѓе, тие нема да се плашат од вас, дури и ќе бидат љубопитни и заинтересирани. Сепак, секогаш треба да одржувате растојание од 4 метри од нив, освен ако некој пингвин сам не ви се доближи.

12-neverojatni-raboti-koi-kje-gi-iskusite-ako-odite-na-krstarenje-na-antarktikot-11.jpg

9. Првиот ден ќе бидете воодушевени од пингвините, но веќе до четвртиот ќе ви здодеат и ќе се жалите од нивниот мирис од допирот со изметот.

12-neverojatni-raboti-koi-kje-gi-iskusite-ako-odite-na-krstarenje-na-antarktikot-06.jpg

10. Нема да може да престанете да им се воодушевувате на живописните снежни бели планини, но ќе ве нервира што времето на Антарктикот се менува брзо, па ќе се разбудите со сонце, а по 20 минути ќе бидете на мета на леден ветер. Распоредот на екскурзиите ќе ви се менува во зависност од временските услови.

12-neverojatni-raboti-koi-kje-gi-iskusite-ako-odite-na-krstarenje-na-antarktikot-09.jpg

11. Нема да можете да истражувате сами и ќе мора да ги следите специјално обучените водичи по точно определени патеки, за да се зачува животинскиот свет и чистотата на Антарктикот.

12-neverojatni-raboti-koi-kje-gi-iskusite-ako-odite-na-krstarenje-na-antarktikot-15.jpg

12. Ќе гледате во најчистата вода на светот, а околу бродот ќе пливаат делфини и пингвини, но со себе мора да понесете добра зимска опрема за да се заштитите од студот.

12-neverojatni-raboti-koi-kje-gi-iskusite-ako-odite-na-krstarenje-na-antarktikot-05.jpg

Прочитајте и Како изгледа готвењето на Антарктикот на -70°C? (фото)!

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 работи без кои стјуардесите не тргнуваат на пат (а не треба ниту вие) Чевлите за во авион им се секогаш затворени за добро да ја држат ногата. Секогаш...
9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач) Носите куп облека и работи за секој случај кои никогаш нема да ви требаат, како ...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg