Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 манастири кои вреди да ги посетите за да доживеете духовен мир

Викендите можат да се искористат на многу начини. Еден од нив е да запалите автомобил и да посетите некој манастирите во блиските земји. И да се вратите со духовен мир и спокој.

vikend predlozi za poseta na nekoj od manastirite kaj nashite sosedi 7

Посетата на Рилскиот манастир, сместен во подножјето на планината Рила, ќе ви обезбеди едно поразлично искуство.

Манастирот е основан во првата половина на X век и претставува светско културно наследство на Бугарите, на што тие посебно се горди. Од Благоевград е оддалечен 41 километар.

Историјата на манастирот е поврзана со бугарскиот светец Св. Јован Рилски Чудотворец, кој откако се населил во регионот, својот живот го посветил на молитви и пост.

Токму поради тоа Рилскиот манастир е популарна туристичка дестинација за сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за историјата на манастир и светецот Св. Јован Рилски Чудотворец.   

vikend predlozi za poseta na nekoj od manastirite kaj nashite sosedi 2

vikend predlozi za poseta na nekoj od manastirite kaj nashite sosedi 2

Добро познато е дека Острошкиот манастир е засолниште на илјадници верници кои секојдневно трагаат по внатрешен мир, здравје. И несебично веруваат во чуда.

Помеѓу Никшиќ и Подгорица, во карпестиот дел на Црна Гора се наоѓа Острошкиот манастир, кој е издлабен во карпа на 900 метри надморска височина.

Манастирот е дом на еден од најголемите светци во православната вера Василиј Острошки. За него се знае дека откако се замонашил сосема се посветил на Бог. Неговата верба никогаш не исчезнала.

Василиј Острошки им помагал на болните, ги лекувал и повторно ги кревал на нозе и тоа во опасни времиња и со постојани закани од турските власти.

vikend predlozi za poseta na nekoj od manastirite kaj nashite sosedi 6

vikend predlozi za poseta na nekoj od manastirite kaj nashite sosedi 6

Метеори е уште еден комплекс на христијански манастири, кој се наоѓа кај нашите соседи, Грците. Навистина зачудувачка е самата местоположба на манастирите.

Манастирите се изградени на врвовите на камени столбови, а првиот од нив е изграден во 14 век. Голем дел од нив достигаат височина и од неколку десетици метри.  

Откриен од страна на Свети Анатасиј, денеска Метеори освен што претставува туристичка атракција за луѓето од светот, самиот комплекс успева да им помогне на луѓето.

Метеори е составен е од шест манастири: Манастир Големиот Метеор, Манастир Варлам, Манастир Русана, Манастирот Света Троица, Манастирот Свети Никола и Манастирот Свети Стефан.

vikend predlozi za poseta na nekoj od manastirite kaj nashite sosedi 4

vikend predlozi za poseta na nekoj od manastirite kaj nashite sosedi 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
7 најлоши дестинации за патување во лето 2025 (и кои места да ги изберете како нивна алтернатива) Рим е еден од најубавите градови во Италија, па и во светот. Но, зошто не треба ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Бајковита тура низ Европа - 10 замоци кои мора да ги посетите барем еднаш Германија, Италија, Шпанија, па дури и земјите во регионот имаат замоци кои изгл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg