Куманово, Велес, Охрид... прошетајте низ овие градови преку фотографии

Прво треба да се истражи своето поднебје, па после да се пропатува светот. Оваа мисла почна да ми се мотка низ главата во последните година-две, откако после сите автостоперски патувања низ Европа, решив да се одморам на домашен терен и да го истражам она што е најблиско до мене. Често знам да скокнам до некое необично место во Македонија, да се освежам со глетката што ќе ми се испречи пред очи и повторно да се вратам на дневната рутина. Би било кул што повеќе луѓе да го практикуваат тоа.

kumanovo veles ohrid prosetajte niz ovie gradovi preku fotografii 1

Но, сега нема да ви зборувам за Копришки водопад, Пешти, античкиот град Баргала, Лесновски манастир и кратер..., туку ќе споделам со вас една галерија од неколку градови низ Македонија.

Мислев да започнам со Скопје, но решив да го одминам во оваа статија, па затоа ќе започнам со градот на моето детство – Куманово.

Велес, отсекогаш го помнам како град чиишто тесни улички рецитираат песни. Па, Кочо Рацин залудно не е роден таму.

Освен што ме врзуваат пријатни спомени за овој град, исто така секогаш кога одам откривам нешто ново. Макар било мало, но секогаш ги надополнува доживувањата и искуствата.

Добро де. Знам дека речиси сите барем еднаш во животот го имаме посетено Охрид. Барем на викенд. Но, и покрај сите досегашни посети, дури минатото лето успеав да направам фотографии кои ми станаа навистина драги.

Ги има доста, но овие се доволно за да ви го разбудам авантуристот во вас и да ве мотивирам уште првиот слободен викенд да ја запалите колата и да тркнете го Охрид. Барем на едно попладне, ако не на повеќе.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg