Не го менуваат презимето во брак, големи класни поделби: 15 факти за животот во Чиле
Постои огромна класна поделба и при првата средба не е чудно Чилеанците да си постават прашање кое ниво на образование го имаат и од кој дистрикт потекнуваат за да одредат од која класа е соговорникот.
Чиле се наоѓа во Јужна Америка, а главен град е Сантјаго. Чиле се граничи со Tихиот Oкeaн на запад, сo Перу на север, Боливија на североисток и со Аргентина на исток.
Сте се запрашале ли некогаш како изгледа животот таму? Какви се навиките на локалните жители и нивната традиција?
Aнастасија Полосина е девојка која веќе 5 години живее во Чиле и на својот Инстаграм ги пренесува искуствата оттаму.
Факти за животот во Чиле:
Чиле се нарекува „Швајцарија на Јужна Америка“ затоа што е економски најразвиената земја во тој дел.
Има најмало ниво на корупција во Латинска Америка, слобода на говор, безбедна околина за живот, како и ефикасни економски мерки.
-->
-->
Постои огромна класна поделба и во менталитетот на луѓето е разните класи да се одделени една од друга и да нема големо мешање.
-->
При првата средба не е чудно Чилеанците да си постават прашање кое ниво на образование го имаат и од кој дистрикт потекнуваат за да одредат од која класа е соговорникот.
Чилеанците имаат некои чудни навики, па така нормално е да седнат зад воланот иако испиле неколку чаши пијалак, не обрнуваат кога паркираат, пa автомобилите им се со многу гребнатинки, жените сакаат да носат високи чизми дури и на температури од 30 Целзиусови степени.
Во Чиле лето е во јануари, а сезона на скијање во јули.
Водата на крајбрежјето на Тихиот Океан во Чиле е студена во текот на целата година, дури и во лето има бранови, температурата на водата е околу 15 степени и пливањето е речиси невозможно. Релаксацијата на плажа се сведува на сончање.
Чиле има многу разновидна природа, таму има пустина, планини, илјадници вулкани, езера, вечно зелени шуми, глечери и острови.
Уште 7 факти на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет...
Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате?
Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...

Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците
„За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....

7 најлоши дестинации за патување во лето 2025 (и кои места да ги изберете како нивна алтернатива)
Рим е еден од најубавите градови во Италија, па и во светот. Но, зошто не треба ...

7 места во Прилеп и околината што треба да ги видите барем еднаш во животот
Македонија има преубави места, споменици, локалитети и природа од која застанува...