11 места во Србија што ретко кој ги видел, а не смеете да ги пропуштите

6. Власинско Езеро

Се наоѓа на територијата на општина Сурдулица, на југоистокот на Србија. Големо е 16 km2, а длабоко 35 м. Се наоѓа на 1213 m надморска височина и низ него на секој минута протекуваат 2 кубика првокласна вода.

Ова езеро, исто така, е карактеристично по пловните острови коишто се создадени од тресет и се вистинска атракција за туристите. Интересно за ова езеро е што во неговата околина се регистрирани повеќе од 300 лековити билки, а карактеристично е што покрај нив тука може да се најде и многу реткото месојадно растение Росуља (Droseraceae).

11-mesta-vo-Srbija (11).jpg

7. Белоцрквенските езера

Ова место се наоѓа во близина на границата со Романија и опфаќа повеќе од десетина езера. Најпознати се Вачевгајското езеро и езерото Шљункара. Ова место има и викенд населба, како и кампинг населба, а одлично е за фамилијарен одмор и намалување на стресот.

11-mesta-vo-Srbija (2).jpg

8. Споменикот на природата Ѓаволски варош

Ова ретко чудо на природата се наоѓа на висина од 600 m, под планината Радан, 27 km југоисточно од Куршумлија. Покрај релјефните фигури настанати со ерозија, интересно е да се каже дека тука има и извор со лековита минерална вода под името Црвено врело.

11-mesta-vo-Srbija (3).jpg

9. Манастирот Студеница

Овој манастир се смета за еден од најубавите српски манастири заради префинетата архитектура на византиско-рашката школа и се наоѓа на листата на UNESCO од 1986 година.

Манастирот е подигнат во 12 век, од страна на Стефан Немања, а порано во комплексот имало 14 цркви, од кои денес се сочувани само 3.

11-mesta-vo-Srbija (9).jpg

10. Опленац

Се наоѓа на 80 km од Белград, во непосредна близина на Топола. На ова место е изграден мавзолејот на династијата која ја започнал Петар Први Караѓорѓевиќ.

Денес, во кругот на овој комплекс, може да се видат Црквата Св. Ѓорѓи, мавзолејот на српската кралска фамилија, кралските лозја, музејот (винарската куќа), куќата на крал Петар, вилата на кралот, вилата на кралицата, споменикот на Караѓорѓе и хотел.

11-mesta-vo-Srbija (6).jpg

11. Крупајско врело

Доколку сакате природа, вода, мирно место и добра храна, тогаш вистинскиот избор за вас е Крупајско врело. Се наоѓа помеѓу селата Милановац и Крупаја, во подножјето на Белјаница.

Не може да се опише со зборови идилата на крупајските извори, таа чудесна сина боја едноставно мора да се види и доживее, а во близина има и извор на лековита вода.

11-mesta-vo-Srbija (5).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Забава до зори во Белград, богата гурманска понуда во Ниш - кои српски градови се идеални за city br... Од запад кон исток, север кон југ, низ различни региони, рамнини и планини... Ср...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg