11 места во Србија што ретко кој ги видел, а не смеете да ги пропуштите

За да го посетите нашиот северен сосед Србија не ви е потребен ниту пасош, доволна ви е само личната карта. Многумина се одлучуваат за престолнината Белград, за Нови Сад, Ниш… но, ретко кој ги посетил овие 11 локации коишто ги издвоивме за најголемите авантуристи и за оние што сакаат да видат нешто поразлично.

11-mesta-vo-Srbija-01.jpg

Кое се најинтересните и помалку познати места во Србија што би можеле да ги посетите?

1. Археолошкиот локалитет Бело брдо, Винча

Се наоѓа на околу 15 km од Белград во истоименото село на десниот брег на Дунав. Локалитетот е налик на ниско ритче, а го сочинуваат девет слоеви со остатоци од различни периоди.

Досега се истражени само околу 4% од површината на населбата, а значајно е по тоа што пронајдени се остатоци од неолитска населба од периодот околу 5000 години п.н.е.

11-mesta-vo-Srbija (1).jpg

2. Античката палата Felix Romuliana

Станува збор за некогашната резиденција на римскиот цар Гај Валериј, Галеријата Максимилијан (293 – 311 н.е.)

Величествената палата била резиденција на римскиот император Гај Максимилијан којшто се истакнал како способен војник и добил титула цезар од римскиот цар Диоклецијан, а подоцна и се оженил со неговата ќерка Валерија.

Гај станал поглавар на Римската империја во 306 г., а починал во 313 г. во близина на Софија. На локалитетот Магвра најдени се и две гробници, хумки, на коишто биле спалени императорот и неговата мајка, според тогашните верувања за задгробниот живот.

Денес може да се видат остатоците од некогашната палата со нејзините извонредни мозаици, статуата на императорот Максимилијан, храмот посветен на Јупитер и Херкул и јавните бањи.

11-mesta-vo-Srbija (4).jpg

3. Природниот резерват Увац

На југозападот на Србија, на територијата на општините Сјеница и Нова Варош, се наоѓа резерватот Увац, заштитен од 1971 година.

Една од поубавите глетки се мандрите на реката Увац, коишто можат да се видат од многубројните видиковци низ околните села. Овој резерват е природно живеалиште на белоглавите орли во Србија и ако имате многу среќа можеби и ќе ги видите овие неверојатни птици чиј распон на крилјата достигнува и до три метри.

Покрај повеќето мали пештери во коишто се кријат овие орли, резерватот има и неколку големи пештери од кои најголемата сè уште не е доволно истражена, а е долга 2,5 km.

11-mesta-vo-Srbija (10).jpg

4. Водопадот Прскало

Овој водопад се наоѓа покрај патот којшто води од Ресавица кон Честобродица (источно од Параќин).

Висок е 15 метри, многу е сиромашен со вода, дури и напролет кога има многу вода, но сепак никогаш не пресушува. Интересно е дека изворот на овој водопад се наоѓа на само седумдесетина метри над водопадот.

11-mesta-vo-Srbija (7).jpg

5. Семетешко Езеро

Езерото се наоѓа на Копаоник, а интересно е по тоа што во него има острови кои пловат. Езерото е 60 метри во пречник, а најголемото пловно островче е долго околу 15 метри и обраснато со растенија, па дури и неколку високи стебла. Островите се движат додека дува ветар, а посетителите можат и самите да ги „возат“.

Точната длабочина на ова езеро не може да се измери, бидејќи изворите се толку широки и длабоки што се дел од езерото.

11-mesta-vo-Srbija (8).jpg

Уште 6 места на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg