Кои се предностите на соло патувањето?

Дали некогаш сте помислиле да одите на соло патување? Можеби ви звучи страшно, но соло патниците не се ограничени од буквално ништо. Истовремено, ова е одлична можност да поминете квалитетно време со себе и да научите многу работи за вас. 

koi-se-prednostite-od-solo-patuvanjeto-01.jpg

Како ова да не е доволно, можете да сретнете и многу пријатели. Доколку се одлучите на ваков чекор, важно е да се подготвите и да си ги поставите следниве пет прашања.

Се разбира, безбедноста е најважна, па треба да ги избегнувате и потенцијално опасните ситуации.

Што губите?

Нормално е да имате безброј сомнежи за ваков подвиг. Доколку ви е страв да бидете сами, тогаш соло патувањето е на што ви е потребно. Понекогаш самотијата е најдоброто нешто што можете да го направите за себе, а соло патувањето ќе ви го овозможи токму тоа.

Можете ли самите да си поминете убаво?

Освен безбедноста, кај повеќето соло патници најголема грижа е осаменоста. Нормално е одвреме-навреме да се почувствувате осамено, но тоа може да биде и негативно и позитивно.

Секако дека ќе сакате да ги споделите уживањата со некого, но зошто тоа да не бидете вие? Кога ќе се вратите, секако ќе им раскажете сè на вашите пријатели.

koi-se-prednostite-od-solo-patuvanjeto-02.jpg

Дали сакате да запознаете нови луѓе?

Само затоа што патувате сами не значи дека не треба да разговарате со никој. Сепак, ако не сакате нови познаници, никој не ве присилува на тоа. Нема никакви правила и можете да правите што сакате.

Знаете ли дека ќе нема кој да ви се жали?

Бидете искрени и размислете која е целта на вашето патување. Ќе бидете сами во друга држава и најдоброто е што ќе нема кој да ви се жали. Ако сакате да излезете, ќе излезете. Ако сакате да спиете, ќе спиете. Ако сакате да испиете некоја чашка повеќе, слободни сте да го направите и тоа.

koi-se-prednostite-od-solo-patuvanjeto-03.jpg

Колку пари мислите да потрошите?

Доколку имате повеќе пари, слободно дозволете си што и да посакате. Но важно е да знаете дека не е сè во парите. Се разбира, потребен е финансиски план за вашето патување, но кога сте сами, само вие ќе одлучувате како и каде ќе ги трошите парите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg