Германски села кои изгледаат како да излегле од бајките

Прва асоцијација на Германија за повеќето луѓе се волшебните замоци, погледот на Алпите, бурниот ноќен живот во Берлин и Октоберфест. Сепак, ова не е сè што може да ви понуди оваа земја. 

Ovie germanski sela izgledaat kako da izlegle od bajkite 01

Германија е опкружена со мали, магични села прекриени со калдрма и средновековни куќи, кои како да излегле од некоја бајка.

Ова се некои од најубавите германски села што ќе ве освојат на прв поглед:

Рамзау

Областа Берхтесгарден Ленд во југоисточна Германија е полна со прекрасни пејзажи. Рамзау е село со околу 1.800 жители, а иако е мало, има многу знаменитости.

Низ селото тече река која поминува покрај црквата, а мирните езера, Конигзе и Хинтерзе во зима изгледаат магично.

Ovie germanski sela izgledaat kako da izlegle od bajkite 02

Ротенбург

Стариот град Ротенбург е составен од спирални улици и калдрма покрај кои се наоѓаат полу-дрвени куќи во различни бои.

Оваа бајковита атмосфера не само што ги привлекува туристите во летните месеци, туку е и одлична локација за снимање на голем број филмови, вклучувајќи го и Хари Потер.

Ovie germanski sela izgledaat kako da izlegle od bajkite 03

Ареншуп

Солениот ветер, звукот на брановите на Балтичко море и бајковита колиба покрај брегот ја претставуваат суштината на Ареншуп.

Порано рибарско село, денес популарно одморалиште. Селото брои само 637 жители и е совршено место за одмор, гледање на птици, возење велосипед и истражување на пејзажот.

Ovie germanski sela izgledaat kako da izlegle od bajkite 04

Шилтах

Ова село се наоѓа во рамките на националниот парк Црна шума, а се карактеризира со густи дрвја, долги патеки за пешачење и патека која води кон реката Кинциг.

Ovie germanski sela izgledaat kako da izlegle od bajkite 05

Мајсен

Мејсен е еден од најубавите градови во светот. Најзначајните објекти во градот се катедралата Мајсен и замокот Албрехтсбург - кој е исто така и најстариот замок во Германија - лоциран во центарот на овој град.

Ovie germanski sela izgledaat kako da izlegle od bajkite 06

Милтенберг

На само еден час возење од Франкфурт, Милтенберг лежи на реката Мајна. Некогаш бил стратешки важен локалитет што ги привлекувал Римјаните, а денес само античките урнатини сведочат за некогашната населба.

Самиот град е полн со дрвени куќи, историски плоштад и живописен поглед на реката Мајна.

Ovie germanski sela izgledaat kako da izlegle od bajkite 07

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори) Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg