10-те најскапи острови во светот

Изгледа дека купувањето приватен остров е врвот на луксузот бидејќи сепак, само малку луѓе можат да си го дозволат тоа. Иако некои милијардери купуваат остров за на него да си направат мал рај, повеќето го прават тоа за на нив да изградат луксузни одморалишта.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-01.jpg

Во продолжение дознајте кои се најскапите приватни острови што сигурно ќе посакате да бидат ваши:

Каје Шапел: 23 милиони

Ова е мал остров на Белизе кој неколку години бил на пазарот. Островот бил продаден во 2011-та година за 23 милиони долари.

Денес овој остров му припаѓа на хотелот Four Seasons, а во 2021-ва година, островот ќе стане луксузна дестинација со неколку вили.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-02.jpg

Исла де са Ферадура: 39,7 милиони

Овој остров е во близина на Ибица, па можете да уживате во тамошните забави, а потоа да се вратите на него. На островот има вила што можете да ја изнајмите за околу 300.000 долари неделно.

Вилата има 5 спални соби, сауна, џакузи, салон за убавина, затоплен базен и спортски центар.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-03.jpg

Северен егејски Остров: 38 милиони

Во 2012-та година, овој грчки остров се нашол на пазарот по цена од 45 милиони. Во 2016-та година неговата цена се спуштила на 38 милиони.

Островот е во близина на Атина и е совршено место за оние кои сакаат да ги избегнат гужвите во Грција, но сепак сакаат да ја посетат државата.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-04.jpg

Островот Џејмс: 75 милиони

За оваа цена, покрај островот добивате и голема вила, 6 колиби, аеродром и терен за голф.

Сепак, приказната на островот е малку мрачна – во 1900-тите, локалните жители на островот биле отстранети, а денес некои од нив се обидуваат да си го вратат своето земјиште.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-05.jpg

Литл Пајп Кеј: 85 милиони

Овој приватен остров им припаѓа на Бахамите и се наоѓа на пазарот од минатата година. Претходно, островот му припаѓал на милијардерот Мајкл Дингман, кој почина во 2017-та.

На островот има 5 вили со неверојатен поглед кон океанот.

10-te-najskapi-ostrovi-shirum-svetot-06.jpg

Погледнете ги останатите острови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg