Ресорт во Норвешка со стаклени кабини од кои нема да сакате да излезете (фото)

Многумина што го посетиле островот Маншаузен кажуваат дека е како посебен свет. Островот се наоѓа на архипелагот Стејген, а поради морето и планинскиот ланец на Лофотен што го опкружуваат, островот станал совршено место за одморалиштето Manshausen.

odmoralishte-vo-norveshka-shto-nema-da-sakate-da-go-napushtite-01.jpg

Овoј ресорт го сочинуваат стаклени кабини, кои се сместени веднаш над морето.

Ресортот е изграден во 2015-та година и е дело на архитектот Сноре Стиенсен. Пред градењето, архитектот обрнал особено внимание на тоа кабините да немаат речиси никакви влијание врз околината, па направени се со дрвена конструкција.

odmoralishte-vo-norveshka-shto-nema-da-sakate-da-go-napushtite-02.jpg

Стаклата овозможуваат панорамски поглед, но и приватност, па престојот во овие кабини е посебно доживување.

Поради местоположбата, ова место е совршено за многу авантуристички спортови, како планинарење, кајакарство, нуркање, велосипедизам…

odmoralishte-vo-norveshka-shto-nema-da-sakate-da-go-napushtite-03.jpg

Ресортот е отворен во текот на целата година и можете да го посетите кога сакате.

Секоја кабина има две одделни спални и специјално дизајнирани тоалети и кујни.

odmoralishte-vo-norveshka-shto-nema-da-sakate-da-go-napushtite-04.jpg

odmoralishte-vo-norveshka-shto-nema-da-sakate-da-go-napushtite-05.jpg

Кој би посакал да ги напушти овие кабини?

https://www.instagram.com/p/B2o3MDIIC9E/

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото) Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, Езерото е дом на и...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg