Гледањето филм никогаш не било повозбудливо - Кино среде океан во Тајланд
Германскиот архитект Оле Шерен го дизајнирал можеби најубавото кино што сте го виделе досега, и тоа на вода.
Киното има големо платно, или екран, кој се наоѓа помеѓу две огромни карпи со бујна вегетација. Пред екранот се наоѓаат сплавови, на кои има седишта, a целата конструкција се наоѓа на вода.
Па, ако сакате кино на отворено, нема да најдете поубаво од ова.
Киното било направено во 2012-та година, како дел од филмскиот фестивал Film on the Rock Yao Noi. Во изградбата учествувале локални градежници, а користеле сплавови кои традиционално се користат за лов на јастози.
Сплавовите се поврзани со мрежа за комарци, а повеќето од употребените материјали можат да се рециклираат. Па, ова кино не е само уникатна атракција, туку и еколошки и евтин проект.
Киното се наоѓа во Тајланд и одлично се вклопува со околниот пејзаж.
„Помислата да гледате филм овде изгледа изненадувачка. Екран, сместен помеѓу карпите. А публиката плови, некаде сред оваа неверојатна лагуна“, изјавил архитектот Оле.
Ова кино, дефинитивно го прави гледањето филмови навистина возбудливо искуство.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





