„Венеција од Истокот“ - Најголемото село на вода во светот

Малата островска држава Брунеј е навистина богата, а нејзиното богатство најдобро се забележува во главниот град Бандар Сери Бегаван.

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-01.jpg

Но луксузот не е дел од животот на многу од жителите на градот. Голем дел од населението на градот живее во негова близина, во „селото што плови“ во Реката Бурнеј.

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-02.jpg

Веќе 1.300 години луѓето се населуваат во селото Кампонг Ајер, познато и како „Венеција од Истокот“.

Покрај тоа што е дом на околу 13.000 луѓе, селото Кампонг Ајер има и џамии, училишта, ресторани, полициски станици и пожарна, и сите се наоѓаат на вода.

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-03.jpg

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-04.jpg

Низ селото се поставени дрвени мостови, а за да стигнат до копно, жителите можат да земат такси, по цена од 1 долар. Токму поради овој такси превоз на вода, селото си го добило прекарот „Венеција од Истокот“

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-05.jpg

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-06.jpg

Инфраструктурата на селото може да ги издржи поројните дождови, кои се честа појава во сезоната на монсуните.

Селото има и електрична енергија, телефонски линии, интернет, па дури и сателитска телевизија.

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-07.jpg

Куќите во селото се продаваат по цена од 4.000 до 45.000 долари, а достапни им се само на жителите на Брунеј.

Во побогатите делови од селото постојат навистина луксузни куќи, од кои дел се управувани од AirBnb и се достапни за туристи.

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-10.jpg

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-11.jpg

Сепак, во посиромашните делови, куќите се пред распаѓање.

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-08.jpg

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-09.jpg

За жал, загадувањето на водата го направила риболовот, главната индустрија во селото, невозможен. Поради ова, голем дел од жителите се враќаат на копно, во Бандар Сери Бегаван.

Некогаш селото го сочинувале дури 60% од населението на Бандар Сери Бегаван, но денес оваа бројка е спуштена на 3%.

venecija-od-istokot-najgolemoto-selo-na-voda-vo-svetot-12.jpg

Сепак, локалните жители се надеваат дека туризмот ќе му го врати животот на селото.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...

Најчитани неделава