Ерусалим – лавиринт од сетилни исксутва, несекојдневни глетки и религиозни објекти

Доволно е да се спомене Ерусалим и веднаш сите почнуваме да мислиме на древни и свети работи. Ерусалим освен што е столб на три светски религии - јудаизмот, христијанството и исламот, тој е и најголемиот духовен центар на Евреите.

erusalim lavirint od setilni iskustva nesekojdnevni prizori i religiozni objekti 2

Во самиот град, кој се наоѓа во близина на Јудејската планина многу добро се испреплетени старите времиња со животот на модерниот човек, но ако бараш забава, тогаш Тел Авив е вистинската одредница.

Не дека во Ерусалим не можеш да се забавуваш, токму улицата „Бен Јехуда“ e преполна со симпатични барови, интересни локали и еден куп туристи. Сепак како да станува збор со два различни света и во Ерусалим ќе налеташ на несекојдневни глетки и ќе се стекнеш со нови сетилни искуства.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Кога и да помислам на Ерусалим, секогаш се сеќавам на вкусот на баклавата исцедена со мед, која ја каснав на трчање. А, списокот со храна ќе ја продолжам и со домашниот хумус и сендвичите со модар домат и варено јајце.

Ако се најдеш во стариот дел на градот, потруди се барем да ги посетиш сите религиозни објекти. Од Ѕидот на плачот, најсвето место за јудаизмот, потоа христијанската црква Светиот Гроб.

Луѓето сметаат дека таму се наоѓа гробот на Исус Христос. За жал, кога бев во посета на Ерусалим полицијата не ми дозволи да пристапам до едно од најпознатото муслиманско светилиште, џамијата Ал Акса, но затоа успеав од едно високо место да ја здогледам Куполата на Карпата.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Сите ќе прашаат дали е безбедно. Без двоумење ќе одговорам потврдно. Пред да излезам на аеродромот во Тел Авив, се оптоварував со туѓи мислења кои во наредните 24 часа ги отфрлив. Слободно може да уживате и да си ги задоволите сите ваши каприци.

Израел е побезбеден од многу повеќе западни држави.

Додека во Тел Авив имате плажи и можете да се шеташе максимално разголени, во Ерусалим, посебно во еврејските населби, не можете да си го дозволите тоа. И кога веќе сте таму, морате да направите еднодневна посета на Мртвото Море. Блиску е.

И навистина е посебно искуство да легнеш на грб, да земеш некоја книга за читање и така да се изгубиш во просторот помеѓу двата света, оној реалниот и оној измислениот. Но, само внимавај да не си ги изгориш очите од солта. Не знаеш колку може да те печат.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg