Висечки куќарки, тесни улички и живописни предели – средновековниот град Куенка

Можеби ќе ви изгледа како неотсонуван сон, но во Шпанија постои едно место со магична глетка, кое драматично стои над речна клисура, а неговите „висечки куќи“ добро се вклопени во стрмните карпи. Тоа место има и свое име, Куенка.

visecki-kukjarki-tesni-ulicki-i-zivopisni-predeli-srednoven-grad-kuenka-01.jpg

За овој средновековен град во Шпанија, воедно заштитен и од УНЕСКО за првпат слушнав кога престојував во Билбао пред две години. Една пријателка, гратчето ми го опиша како старец, кој успеал да ги сочува своите убавини, од калдрмисаните улички, градскиот плоштад до старите дворци.

Веднаш се внесов во самата приказна на гратчето. Се замислив себеси како шетам низ старите улички, истражувајќи ги скриените агли и живописни места. Фасциниран од историските споменици и прекрасните погледи кои се наоѓаат на секој чекор.

visecki kukjarki tesni ulicki i zivopisni predeli srednoven grad kuenka 4

Несомнено, највпечатливо место во Куенка се „висечките куќи“, кои се препознатлив амблем на гратчето. Куќарките се така прецизно поставени, што нивните балкони се наоѓаат веднаш над простран амбис и досегаат неверојатна глетка.

На плоштадот сè уште стои Catedral de Santa María la Mayor, која датира од 12 или 13 век и ги привлекува луѓето со нејзините готски архитектонски детали.

Како дел од катедралата се наоѓа и епископската палата, а долниот дел од палатата е музеј во кој се наоѓа исклучителна збирка на уметнички дела, како „Christ on the Cross“ и „Prayer in the Garden of Olives“, насликани од Ел Греко.

visecki kukjarki tesni ulicki i zivopisni predeli srednoven grad kuenka 3

За оние бестрашните, тука се наоѓа и мостот San Pablo, како едно доста препознатливо место во Куенка, изградено во 16 век. Изграден е од железо и дрво и воедно го открива најубавиот поглед до висечките куќи.

Постојат уште многу интересни места во Куенка и регионот, но мора да се потенцира и Convento de las Carmelitas Descalzas – прекрасен барокен манастир, некогаш дом на монахињи во 17 век, кој се наоѓа во највисоката точка во Куенка. Сега, во зградата е сместена фондацијата Антонио Перез и претставува голема галерија за модерна уметност.

visecki-kukjarki-tesni-ulicki-i-zivopisni-predeli-srednoven-grad-kuenka_2.jpg

Нека остане нешто и сами да истражите кога ќе ја посетите Куенка. И не заборавајте да споделите импресии.

visecki kukjarki tesni ulicki i zivopisni predeli srednoven grad kuenka 5

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg