Работи што не треба да ги кажувате во другите држави ако сакате да бидете учтиви
Индија
- Немојте да ги критикувате договорените бракови.
- Не прашувајте зошто Индија е валкана. Ова е прашање што локалните жители го слушнале стотици пати.
- Немојте да го фотографирате отпадот, особено ако таму си играат деца или ако има крава.
Турција
- Немојте да ги казнувате вашите деца и не чудете се зошто тамошните деца се немирни. Турците навистина ги сакаат децата, па им дозволуваат да прават што сакаат.
- Немојте да му речете некого дека не личи на Турчин. Замислете си како би ви било вам, некој да ви рече дека не личите на луѓето од вашата националност.
Виетнам
- Немојте да им давате комплименти на децата, ниту пак да ги допирате на главата. Во југоисточна Азија се верува дека главата е местото каде што живеат духовите, па допирањето го поврзуваат со несреќа.
- Немојте да се потсмевате на суеверијата. Дури и најобразованите Виетнамци веруваат во нив.
- Немојте да зборувате за војната со САД, особено ако не ја познавате темата доволно.
Канада
- Немојте да велите дека Канада е речиси иста како САД. Канаѓаните се навистина горди на нивниот идентитет.
- Немојте да ги нарекувате домородците Ескими, бидејќи можете да навредите некого.
Шпанија
- Не користете го зборот „мачо“. Овој збор е поврзан со дискриминацијата на жените и семејното насилство – нешта од кои Шпанија се ослободила многу одамна.
- Не прашувајте зошто сè уште не се забранети борбите со бикови.
- Не зборувајте за диктатурата на Франко и Граѓанската војна. Пo смртта на диктаторот, жителите прифатиле „пакт за заборав“. Политичките сили се согласиле да остават зад нив сè што се случило во ерата на Франко.
- Не ги прашувајте возрасните зошто уште живеат со нивните родители. Најпрво, ова е нормално во Шпанија, а понекогаш проблем е финансиската криза. За многу млади е скапо да купуваат или изнајмуваат дом, па живеат со нивните родители.
Велика Британија
- Не почнувајте разговор за кралското семејство. Од разни причини, Британците не сакаат да зборуваат за тоа.
- Кога ќе ве прашаат како сте, немојте да давате долг одговор. Понекогаш не мора ни да одговарате.
- Не зборувајте за британскиот акцент, бидејќи не постои. Доколку сакате да зборувате за акценти, треба да бидете конкретни – шкотски акцент, северен акцент…
Продолжува на следната страница...,
Би можело да ве интересира:





