Календар на природни феномени што се гледаат само во одреден период од годината
Јули: Полноќно сонце
Полноќното сонце е неверојатен феномен и можете да го видите јужно и северно од Арктичкиот круг, во текот на летото.
Бидејќи оската на Земјата е накривена, Северниот пол е свртен кон сонцето. Резултатот е неверојатен ефект – сонцето не зајдува неколку недели.
Локација: Норвешка
Кога: Од јуни до август
Август: Езерото Осојус
Во летните месеци, кога температурите се високи, ова езеро ја менува својата боја, па дури и својата форма.
Како што испарува водата, на езерото почнуваат да се забележуваат кружни формации од сол и други минерали. Ова создава дезен на површината, што изгледа како леопард.
Сред лето, езерото може да стане и целосно бело.
Локација: Британска Колумбија, Канада
Кога. Од јули до август
Септември: Соленото езеро Јунченг
Водите на ова кинеско езеро покажуваат цел спектар на бои – од зелена и жолта, па сè до розова.
Боите се резултат од алгите кои цветаат во езерото. Иако езерото секогаш изгледа спектакуларно, боите се најмногу изразени наесен.
Локација: Јунченг, Кина
Кога: Од септември до октомври
Октомври: Течното виножито во Кано Кристалес
Ова е уште една неверојатна глетка предизвикана од алги.
Кано Кристалес е река во Колумбија која изгледа како течно виножито. Можете да уживате во оваа глетка од мај до декември, но боите се најизразени во есен.
Локација: Колумбија
Кога: Од октомври до ноември
Ноември: Расцутената пустина Атакама
Кога ќе слушнете за пустина, сигурно си замислувате многу песок. Но, ова не важи за сите пустини, а една од нив е Атакама.
Иако ова место е навистина суво, доколку има обилен дожд, може да се претвори во ливада, и тоа преку ноќ.
Само имајте на ум дека пустината цути на секои 4-5 години, а последен пат ова се случи во 2017-та.
Локација: Чиле
Кога: Од септември до ноември
Декември: Камења што се движат
Во Долината на смртта изгледа како камењата да се движат самите.
Овие камења се проучувани уште од 1900-тите, а научниците веруваат дека нивното движење е поради совршената хармонија помеѓу водата, мразот и ветрот, кои се појавуваат во зимските месеци.
Тенкиот слој мраз под камењата им помага да се придвижат, дури и од најслабиот ветар.
Локација: Долина на смртта, Калифорнија, САД
Кога: Од декември до февруари
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





