Непријатни ситуации кои можат да ви се случат за време на патување

Ако мислите дека патувањето е нешто што цело време е пропратено со пријатни работи, мора уште на самиот почеток да ви кажам дека се лажете. Не е сè така розово како што си замислуваме.

situacii koi mozat da vi se slucat za vreme na patuvanje 5

Тоа не значи дека секој поминува низ истите случки, но постојат можности и настани, кои едноставно не можат да се избегнат или во краен случај им се појавуваат на поединци, оние народски кажано кои се „малери“.

И тогаш никогаш со сигурност не знаеме кого да обвиниме. Можеби сме се нашле во таков склоп на околности, или нештата се случиле без да можеме на каков било начин да го смениме. Но, постојат и ситуации за кои едноставно самите сме си виновни.

Во продолжение следува листа на работи кои пробуваме да ги игнорираме и избегнеме додека се наоѓаме далеку од нашите домови:

Се радуваме на помисла дека се наоѓаме помеѓу облаците, илјадници метри над почвата. Тоа не е секојдневно искуство. Никој не сака кога авионот ќе се најде во турбуленција, кога ушите ќе почнат да ни пиштат, а ние во главите ќе си режираме фатални сценарија.

situacii koi mozat da vi se slucat za vreme na patuvanje 4

На ова ќе се надоврзе и патување со брод и соочување со морска болест. Не сме сите со „јаки стомаци“. Може да нè фати и паника кога ќе сфатиме дека се наоѓаме на сред море или океан, а околу нас има само водна површина и ништо друго.

situacii koi mozat da vi se slucat za vreme na patuvanje 2

Многу често премногу размислуваме додека патуваме. Тоа нè дестабилизира и оптоварува во секој можен поглед. Дали ги заклучив вратите од апартманот? Дали го исклучив шпоретот? Дали на време ќе стигнам на аеродром?

Бескрајна низа од прашања, повеќе ни влева паника, отколку што ни овозможува рационално размислување.

Оние кои не сакаат да се одвојат од својот удобен кревет, имаат тешкотија при заспивање на друг кревет. Де перницата не е добра, де душекот мек или премногу тврд и неудобен.

И наместо следниот ден да бидеме наспиени, ние со нетрпение ќе чекаме да дојде ноќта за повторно да се испружиме на кревет, ама сигурно не на истиот од претходната вечер.

situacii koi mozat da vi se slucat za vreme na patuvanje 3

Да сме тука некаде или на исток, често би се соочувале со доцнење на транспортот. Но, слични ситуации се случуваат насекаде низ Европа. Железнички линии најчесто се соочуваат со тоа. Од дефекти на возови, до протести и самоубиства на шини.

Кога забораваме да си понесеме power bank и кога немаме полнач со нас, може да се најдеме во ситуација кога батеријата на телефонот ќе ни се испразни. Зезнато е ако не знаеме каде точно се наоѓаме, а треба да се вратиме до сместувањето.

situacii koi mozat da vi se slucat za vreme na patuvanje 1

Ова се само дел од ситуации кои можат да ни се случат. И верувам дека со најголемиот дел сите се имаме соочено.

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
9 работи без кои стјуардесите не тргнуваат на пат (а не треба ниту вие) Чевлите за во авион им се секогаш затворени за добро да ја држат ногата. Секогаш...
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg