5 популарни туристички атракции што (најверојано) ќе ве разочараат

Според верувањето, ако ги допрете градите на статуата на Јулија во Верона, ќе најдете вистинска љубов. Но, секој што го посетил овој локалитет, добро знае дека до статуата тешко се доаѓа, бидејќи просторот е преполн со туристи во секое време.

5-popularni-turistichki-atrakcii-shto-najverojano-kje-ve-razocharaat-01.jpg

Ако сте љубители на патувања, тогаш знаете дека честопати убавите слики што ги гледаме за некоја локација пред патувањето не одговараат секогаш на впечатокот што го добиваме на самото место.

Претежно замислуваме, или се надеваме, дека бројот на туристите кои го посетуваат истото обележје ќе биде умерен и дека ќе можеме без проблем да шетаме и да се фотографираме.

Меѓутоа, реалноста е сосема поразлична. На познатите локации најчесто се пробиваме низ толпата луѓе за да се доближиме до статуата, уметничкиот објект или препознатливиот гастро-агол.

Кои популарни атракции се вистински кошмар за туристите?

Статуата на Јулија во Верона

Според верувањето, ако ги допрете градите на статуата, ќе најдете вистинска љубов.

Но, секој што го посетил овој локалитет, добро знае дека до статуата тешко се доаѓа, бидејќи просторот е преполн со туристи во секое време.

5-popularni-turistichki-atrakcii-shto-najverojano-kje-ve-razocharaat-02.jpg

Статуата на Малата сирена во Копенхаген

Првично, оваа статуа, лик од бајката на данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен, беше поставена на карпата на пристаништето.

Но, во 2007 година е донесена одлука истата да се оддалечи неколку метри подалеку, за да се спречи нејзино оштетување од страна на туристите.

Вистинското разочарување е кога ќе сфатите дека Малата сирена е навистина мала - статуата е висока само 1 метар и 25 сантиметри.

5 turisticki atrakcii sto ke sakate da gi zaboravite 03

The Temple Bar во Даблин

Овој бар се смета за место кое не треба да се пропушти доколку сте во Ирска. И покрај ова, сите се надеваат дека нема да начекаат метеж кога ќе дојдат таму и дека нема да чекаат со часови во редица.

Во вечерните часови, платото пред овој бар е преполно со туристи, при што вработените едвај можат да ги исчистат масите и да земаат нарачки.

Мештаните го избегнуваат местото, а дополнителна причина се и високите цени, кои не го следат квалитетот на целосното искуство.

5 turisticki atrakcii sto ke sakate da gi zaboravite 04

Музејот на Пикасо во Антиб

Ако уживате во одмор на Азурниот Брег и сакате да ја искористите можноста да го посетите музејот на Пикасо, размислете повторно.

Прво, треба да одвоите време за да стигнете дотаму, а покрај тоа, изложената колекција дела содржи само скици и керамика кои веројатно нема да ви остават голем впечаток, освен ако не сте страстен љубител на уметноста.

5-popularni-turistichki-atrakcii-shto-najverojano-kje-ve-razocharaat-03.jpg

Полиња со ориз во Убуд

Многумина се надеваат дека еднаш ќе ги видат овие насади ориз во Индонезија. Сепак, оваа туристичка атракција е преплавена со туристи од сите континенти и потребно е да се издвојат пари за билетот.

Фотосесија е 1 и пол долар, а возењето е 7 долари. Треба да се спомене дека патеките се толку тесни, што нема да можете лесно да се движите помеѓу другите туристи.

5 turisticki atrakcii sto ke sakate da gi zaboravite 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Од Скопје има евтини летови до Неапол, но зошто туристите се разочарани од градот? Од Скопје има евтини летови до Неапол, а овој италијански град се смета како доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg