Бајковита зимска атракција во Полска - Најголемиот снежен лавиринт во светот (фото)

Закопане е мал полски град кој често е нарекуван и „главниот зимски град на Полска“. Ова место е популарна дестинација за зимски спортови и зимски туризам, а на некој начин е скијачки центар.

bajkovita-zimska-atrakcija-najgolemiot-snezhen-lavirint-vo-polska-01.jpg

Но, во Закопане се наоѓа и друга интересна атракција – секоја зима, овде можете да го најдете најголемиот снежен лавиринт во светот.

Изградбата на лавиринтот трае околу еден месец, а го градат 50 работници. Неверојатната скулптура е комплетирана и со снежен замок висок 16 метри, кој има замрзнати простории и скулптури од мраз.

Лавиринтот зафаќа површина од 2.500 метри квадратни, а е изграден од над 60.000 тули од мраз.

Околните планини го прават лавиринтот уште поволшебен, особено кога заоѓа сонцето.

Замокот има скриени тунели и „скриени богатства“ за посетителите, а украсен е со скулптури од мраз направени од артисти од Полска и Словачка.

Оваа сезона, ова снежно кралство ќе биде отворено од јануари 2020-та година.

Погледнете како изгледаат замокот и лавиринтот:

Извор

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...

Најчитани неделава